Турски печат 19.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1764770
Турски печат 19.01.2022

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Повик од Турција за Босна и Херцеговина до меѓународната заедница“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по остварената средба со српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Анкара, истакна дека поддршката што ја дава Србија на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина е значајна за мирот и стабилноста на Балканот. Претседателот Ердоган упати повик да се избегнува од преземања чекори коишто ќе му наштетат на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина. Ердоган рече: „Јасно стои потребата од заедничко дејствување на меѓународната заедница за надминување на кризата во Босна и Херцеговина.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Војната треба да ја избришеме и исфрлиме од историјата на политиката“, исто така им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека не ја гледа реална можноста од окупација на Украина од страна на Русија. Претседателот Ердоган рече: „Треба да ги поставиме на маса овие прашања и да разговараме и со рускиот претседател Владимир Путин. Бидејќи, овие региони веќе не можат да прифатат војна. Тоа и не е правилно. Војната веќе треба да ја избришеме и исфрлиме од историјата на политиката.“

„Ердоган: Доколку нафтата стане инструмент на мирот ќе го искористиме тоа“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, правејќи проценка на можноста за соработка со Израел во Источниот Медитеран, го рече следното: „Постои можност (Израелскиот претседател) Исак Херцог да допатува во Турција. Нас политичарите не има за мир. Доколку нафтата стане инструмент на мирот ќе го искористиме тоа. Доколку тоа се потпира на начелото добивај-добивај (вин-вин) ние ќе направиме се што е во наша можност.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Растот на економијата на Турција ќе изнесува над 10 отсто“, пишува дека по Координациониот совет за економија кој се состана под претседателство на потпретседателот Фуат Октај е објавено писмено соопштение во кое се истакнува следното: „Забележано е дека показателите објавени за последниот квартал од 2021 година укажуваат на продолжување на трендот на раст. На тој начин се очекува реалниот раст на бруто домашниот производ (БДП) во 2021 година да изнесува над 10 отсто.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турската индустрија за игри брзо влезе во 2022 година“, информира дека Турција со нејзините над 500 студија е една од водечките земји во светот во развојот на мобилни игри. Турската компанија за мобилни игри „Dream Games“ која успеа да добие нова инвестиција од 255 милиони долари достигна до вредност од 2,75 милијарди долари и стана една од највредните компании за мобилни игри во светот. Една друга турска компанија за мобилни игри „Spyke Games“, успеа да добие инвестиција од 55 милиони долари.

 

 



Слични вести