Турски печат 18.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1764095
Турски печат 18.01.2022

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Порака за ФЕТО од претседателот Ердоган“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган што ги даде на церемонијата на потрошување на неколкуте договори за соработка и на одржаната заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, вчера во Тирана. Претседателот Ердоган истакна дека Турција очекува од Албанија да направи повеќе во борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). „Јасно стои дека оваа структура на чии раце има крв на невини луѓе, не само за Турција, претставува закана и за земјите во кои делува. Очекуваме во наредниот период да бидат преземени побрзи и одлучни чекори против структуирањето на ФЕТО во Албанија.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Албанскиот премиер Рама: Ердоган е личност која го прави тоа што го кажува“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во градот Лач во Албанија учествуваше на церемонијата на свечено предавање на изградените станови за семејствата кои останаа без своите домови во катастрофата од земјотресот. Албанскиот премиер Еди Рама кој говореше на церемонијата истакна дека често е прашуван за неговото пријателство со Ердоган, во врска со што го рече следното: „Мојот одговор е мошне едноставен: Претседателот Ердоган е личноста која го прави тоа што го кажува и го кажува тоа што го прави. Верувајте дека во денешниот свет и во дипломатијата, (министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу) многу добро знае дека не е лесно да се најдат луѓе чие 'да' е 'да' и чие 'не' е 'не'.„

„Потпишан указот: Веќе ќе бидат донесени од Турција“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека пазарот на Грузија е отворен за лековите коишто ќе бидат донесени од Турција. Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили го потпиша указот по ова прашање.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Инсталираната моќност на Турција во соларната енергија достигна до 7.816 киловати“, информира дека инсталираната моќност на Турција во соларната енергија за 8 години од 40 мегавати се зголеми на 7.816 мегавати. Минатата (2021) година кон мрежата беше вклучена нова соларна централа од 1.149 мегавати.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Анталија го зголеми трикратно бројот на туристите во јануари во споредба со минатата година“, пишува дека во периодот од 1 до 16 јануари на меѓународниот терминал во Анталија со 808 авионски лчетови дојдоа 78.538 туристи. Според податоците коишто се зголемија речиси трикратно во споредба со истиот месец минатата (2021) година, на прво место се наоѓаат руските и германските туристи.

 



Слични вести