Турски печат 17.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1763518
Турски печат 17.01.2022

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Исповед од западните медиуми! Единствениот пат е соработка со Турција“, пишува дека во весникот „ЕУ Обзервер“ со седиште во Брисел е објавен напис во својство на исповед во врска со Турција. Во написот под наслов „Време е за геополитичка соработка меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)“, се привлекува внимание на геостратешкото значење на Турција и се вели дека „Единствениот пат е соработка со Турција“.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Вашингтон пост на својата насловна страница напиша за 'Бајрактар ТБ2'“, информира дека американскиот весник „Вашингтон пост“ на својата насловна страница ја објави веста посветена на наоружаното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ („Bayraktar TB2“) произведено од страна на Турција со напредна технологија. Во веста се истакнува дека „Бајрактар ТБ2“ („Bayraktar TB2“) со само еден мал дел од цените на традиционалните воздухопловни сили им нуди на земјите тајна/невидлива воздушна моќ. Весникот напиша дека еден украински воен експерт ги употреби зборовите „Емотивна и вистинска ефикасност врз непријателот“, а воедно напомена дека официјална Москва која е вознемирена од тоа премина во состојба на аларм.

„Зборови исполнети со пофалби од соседот за ТОГГ“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека пофалби за седан моделот на домашниот автомобил на Турција „ТОГГ“ („TOGG“) кој беше дочекан со восхит и пофали во целиот свет, пристигнаа и од грчкиот печат. Печатот во соседна Грција го напиша следното: „Турците се подготвени да ја освојат Европа и претседателот Ердоган со 'ТОГГ' ќе го оствари својот сон.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во Азербејџан ќе дува научно-технолошкиот ветер на ТЕКНОФЕСТ“, информира дека најголемиот светски фестивал за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ“ на петтата година од своето одржување, ги надмина границите и на земјата и е пренесен во меѓународни димензии. „ТЕКНОФЕСТ“ кој годинава ќе се одржи во братски Азербејџан од 26 до 29 мај, ќе го стави својот потпис на еден фестивал исполнет со технологија, наука, натпревари, возбудување и со чувства на пријателство и братство.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Пандемичен допинг за турската индустрија за игри“, истакнува дека Турција се издвојува како една од водечките земји во светот во развивањето на игри, така што 20 отсто од 100-те најпопуларни мобилни игри во САД во текот на минатата 2021 година се избрани од Турција.

 



Слични вести