Турски печат 14.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1762416
Турски печат 14.01.2022

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган: ЕУ останува наш стратешки приоритет“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаниот состанок со амбасадорите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) во Анкара, го рече следното: „Се надеваме дека Европската унија (ЕУ) во 2022 година ќе се ослободи од стратешката кратковидост и ќе постапува похрабро во развојот на односите со Турција. Турција која географски, историски и човечки е дел од европскиот континент е посветена на нејзините цели за полноправно членство во Европската унија (ЕУ). ЕУ останува наш стратешки приоритет.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Првиот турски минијатурен сателит Гризу-263 лансиран во вселената“, информира дека првиот минијатурен сателит на Турција „Гризу-263А“ („Grizu-263A“) развиен од страна на Инженерскиот факултет при Универзитетот „Булент Еџевит“ (BEÜ) во градот Зонгулдак беше успешно лансиран вчера приквечер со ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс икс“ од базата за лансирање Кејп Канаверал, во Флорида, во Соединетите Американски Држави (САД).

„Кампања 'Hello Türkiye' од Одделот за комуникации при претседателството“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто се истакнува дека Одделот за комуникации при претседателството започна кампања по име „Hello Türkiye“ („Здраво Туркије“) со цел да се прочуе и промовира на поефикасен начин на меѓународната сцена употребата на националното и меѓународното име на земјата како „Türkiye“ („Турција“).

Весникот „Стар“ во веста под наслов „На насловите на германските медиуми: Турците размислуваат големо“, пишува дека во германскиот медиум „Фокус“ е објавен напис со пофалба за турскиот домашен автомобил „ТОГГ“ („TOGG“). Во написот се нагласува дека домашниот автомобил на Турција „ТОГГ“ („TOGG“) е симбол на една нова ера и се додава дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вложува големи напори за домашната автомобилска индустрија.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Првиот повеќенаменски беспилотен борбен авион во светот: Бајрактар Акинџи“, информира дека „Орикс Блог“ („ Oryx Blog“) кој објавува прашања посветени на воената и одбранбената индустрија, напиша статија во која го резимира одбранбениот успех на Турција по последните 10 години. Во статијата се нагласува дека „Бајрактар ​​Акинџи“ им додаде нови на видовите муниција на Турција и се привлекува внимание на неговите повеќенаменски карактеристики.

 



Слични вести