Турски печат 13.01.2022
Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Ќе се премине кон сериско производство на Хурџет“, пишува дека на состанокот на Извршниот комитет за одбранбена индустрија што се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата Куллијето во Бештепе во Анкара беа разгледани прашања за додавање нови на домашните и национални системи коишто се користат од страна на Турските вооружени сили (ТВС) и безбедносните единици. Притоа е донесена одлука за премин кон сериско производство од прва етапа на авионот за воена обука и лесен напад „Хурџет“ („HÜRJET“) за кој се планира својот прв лет да го оствари следната година.
Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција ги промени рамнотежите во Источниот Медитеран“, истакнува дека политиките на Грција за дестабилизација на Источниот Медитеран над енергетските извори, поради одлучниот став на Турција една по една запаѓаат во вода. Соединетите Американски Држави (САД) ја повлекоа својата поддршка од гасоводот „ИстМед“ („EastMed“) во кој се настојува да се изостави од вид Турција. Се дознава дека и француската компанија „Тотал“ и американската компанија „ЕксонМобил“ ги прекинаа своите активности за сеисзмички истражувања.
„Министерот за здравство Коџа: Вакцината Турковак можете да ја користете безбедно“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за здравство Фахреттин Коџа кој истакна дека домашната вакцина „Турковак“ развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19), а која поминувајќи ги успешно сите фази од испитувањата доби одобрение за итна употреба, е поефикасна од кинеската вакцина Синовак. Велејќи дека „Турковак“ ги исполни и критериумите на Светската здравствена организација (СЗО), министерот Коџа рече: „Никој не треба да се сомнева дека може гласно да го кажува тоа дека нашата вакцина Турковак може безбедно да се користи.“
Весникот „Стар“ во веста под наслов „Мароко одлучи да ги промени своите воени бродови и се договори со Турција“, информира дека како што напиша мароканскиот печат Кралската флота на Мароко постигна договор со Турција за купување на 7 десантни чамци и една корвета. Печатот во оваа земја информира дека разговорите започнаа во октомври 2021 година и дека договорот е во вкупна вредност од 222 милиони долари. Во вестите се нагласува дека воените бродови се планира да бидат предадени во втората половина на 2022 година. Исто така се привлекува внимание дека Мароко на брз начин стана едниот од најбрзорастечките пазари за турската воена индустрија.
Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс не го изгуби лидерското место во Европа“, истакнува дека откако епидемијата на Ковид-19 влијаеше негативно на авикомпаниите, авиопревозниците 2021 година ја поминаа со загуби. Додека расте бројот на авиокомпаниите кои банкротираа, светските гиганти можеа да се одржат на нозе само со поддршка на државите. Голем број авиокомпании во периодот на пандемијата ги сопреа своите летови, додека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со воведување и на нови дестинации за летање го продолжи својот раст. Не го изгуби лидерското место во Европа.
Слични вести

Турски печат 26.05.2022
Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

Турски печат 25.05.2022
Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...