Турски печат 12.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1761097
Турски печат 12.01.2022

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу: Стоиме покрај Казахстан“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера го истакна следното: „Со сите наши можности сме покрај Казахстан, спремни сме да ги мобилизираме сите наши можности.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Акар: Неутрализиравме 22 терористи! Ќе продолжиме да ги погодуваме целите на ПКК/ЈПГ“, им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој во врска со терористичкиот напад на граничната линија со Сирија во Акчакале кај градот Шанлиурфа, го рече следното: „Силно ги погодивме целите на ПКК/ЈПГ, и ќе продолжиме да ги погодуваме. До денеска (од 8 јануари) се неутрализирани 22 терористи. Нашите операции за казнување ќе продолжат со зголемена жестина и зголемено темпо.“

„Успешно тестирање на протокот на гас во бушотината Туркали-1“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто се истакнува дека Турската државна компанија (ТПАО) Турската нафтена компанија (ТПАО) успешно го заврши тестирањето на протокот на гас на првото ниво во резервоарот (R2) во детектираната бушотина „Туркали-1“, во гасното поле „Сакарја“, во Црното Море.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Рекорден извоз за Германија“, пишува дека Турција минатата (2021) година најголемата надворешна продажба ја оствари на Германија. Извозот на Турција во Германија во 2021 година на годишна база со раст од 22,9 отсто се зголеми на 17 милијарди 705 милиони 400 илјади долари, со што е достигнато до историско ниво.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Повторно започнаа летовите од Турција за 5 земји“, информира дека вчера беа повторно започнати летовите за 5 африкански земји, Јужна Африка, Боцвана, Мозамбик, Намибија и Зимбабве, кои беа прекинати од страна на Генералната дирекција за цивилно воздухопловство во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести