Турски печат 11.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1760389
Турски печат 11.01.2022

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјава од портпаролот на АК Партијата Челик во врска со Казахстан“, пишува дека потпретседателот и портпарол на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик осврнувајќи се на случувањата во Казахстан, го рече следното: „Внимателно ја следиме сликата што се појавува. Ние посакуваме да се надминат овие проблематични денови на начин на кој ќе бидат одбранети мирот, стабилноста и територијалниот интегритет на Казахстан. Без разлика на условите, Турција секогаш ќе стои покрај Казахстан.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Критичен разговор меѓу Турција и САД“, истакнува дека портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин имаше телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан. Во разговорот, беа разгледани политичките и економските односи, развојот на одбранбената соработка и глобални и регионални прашања.

„Гарибашвили: Решивме да купиме од Турција“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на грузискиот премиер Иракли Гарибашвили кој истакна дека планираат фармацевтскиот пазар на неговата земја да го отворат за лековите коишто ќе бидат донесени од Турција. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Теренска болница во стандардите на НАТО од Турските вооружени сили (ТВС) која може да се постави за 30 минути“, истакнува дека мобилната теренска болница поставена согласно стандардите за квалитет на НАТО во 7-та Дирекција на главната фабрика за одржување во градот Нигде, се состои од 13 контејнери од витално значење, во чии рамки се наоѓаат единици како што се операциона сала, итна тријажа, интензивна нега, радиологија, лабораторија, аптека, стоматолошка единица и купатило. Болницата може да се постави за приближно 30 минути.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Погледот на Германците свртен кон Медитеранот“, пишува дека според добиени информации од „HolidayCheck“, еден од најголемите заеднички портали за резервации за одмор во Европа, едно од секои 5 лица во Германија за поминување на својот одмор ја избира Турција. Во извештајот објавен за резервациите за април и мај се истакнува дека 18 отсто од сите резервации за одмор биле за медитеранските крајбрежја на Турција.

 



Слични вести