Турски печат 10.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1759737
Турски печат 10.01.2022

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција е спремна за поддршка на Казахстан“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека се посакува Казахстан што поскоро да се стекне со стабилност, спокојство и мир. Нагласувајќи дека како Турција и Организација на турските држави ќе и се даде секој вид поддршка на Казахстан, Чавушоглу рече: „Грижата на турскиот свет е наша грижа. Тоа го виде целиот свет во победата на Карабах.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Голема заинтересираност за Турковак“, пишува дека домашната вакцина „Турковак“ која е развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19) почнувајќи од 30 декември почна да се применува во сите градски болници и граѓаните покажаа голема заинтересираност кон вакцината. „Турковак“ сочинува 50 отсто од закажаните термини за вакцинација во болниците во последната една недела. Домашната вакцина се очекува да биде надеж и за голем број делови во светот.

„Историски врв во индустрискиот сектор“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека турскиот индустриски сектор минатата (2021) година со остварена надворешна продажба од над 170 милијарди долари достигна до историски врв. Минатата година го зголемија својот извоз сите 16 сектори во склопот на индустриската група. На тој начин во 2021 година се кренаа на атак сите сектори во склопот на индустриската група. Најголема побарувачка за извозот во секторите минатата година пристигна од Германија. 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турција привлечен центар во здравствениот туризам“, пишува дека во Турција во 2020 година се реализирани приближно 1 милион естетски операции. Кај нехируршките операции на прво место се наоѓа ботоксот, а кај хируршките операции операцијата на нос. Турција стана втора земја која располага со најголем број странски пациенти во естетските операции, односно пластичната хирургија. Странските граѓани со високи приходи во пластичната хирургија ја избираат Турција.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Домашниот автомобил оваа година ќе биде готов за сериско производство“, истакнува дека откако автомобилот на Турција „ТОГГ“ (TOGG) ќе биде изнесен на пазарот ќе располага со моќност од 200 до 3.400 коњски сили, од 0 до 100 километри на час ќе се забрза за 4,8 секунди и ќе располага со дострел од 500 километри. Сите специфичности во „ТОГГ“ ќе бидат интегрирани во екосистемот за мобилност. Автомобилот ќе биде готов за сериско производство во четвртиот квартал од годината и откако ќе бидат завршени неговите студии за сертификација ќе се започне со сериско производство во првиот квартал на 2023 година.

 



Слични вести