Турски печат 07.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1758593
Турски печат 07.01.2022

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турција стапи во акција по прашањето на Казахстан“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари одделни телефонски разговори со лидерите на Организацијата на турските држави меѓу кои и со претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев, со кои размени мислења за најновите случувања во Казахстан. Претседателот Ердоган во овие остварени телефонски разговори  изрази надеж за што поскоро формирање на новата влада во Казахстан и завршување на тензиите во најскоро време. Претседателот Ердоган воедно рече дека верува оти народот на Казахстан ќе ги надмине проблемите во рамките на меѓусебната доверба и дијалогот.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Националниот борбен авион ќе излезе од хангарот во 2023 година“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од чија страна беше дадена една радосна вест во врска со производството на турскиот национален борбен авион, чии производствени работи се во тек. Претседателот Ердоган го рече следното: „Нашиот национален борбен авион ќе го извадиме од хангарот во 2023 година и ќе му го покажеме на целиот свет. Нашата ударна сила својот прв лет ќе го оствари во 2025 година, а во 2029 година ќе го заземе своето место на небото.“

„Турција е меѓу првите три земји во производството на беспилотни летала (ИХА)“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, кадешто исто така им се одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека во домашните системи за воздушна одбрана коишто се развиваат, во моментов се произведени системите ХИСАР, во скоро време ќе бидат произведени системите СИПЕР, а потоа и многу повеќе. Претседателот Ердоган потсети дека Турција веќе се наоѓа меѓу првите 3 земји во светот во производството на беспилотни летала.

Весникот „Стар“ во веста под наслов: „Соопштение од Турција до Израел“, пишува дека Министерството за надворешни работи го осуди Регионалниот комитет за планирање и изградба на локалната самоуправа на Ерусалим (Кудс) од чија страна беа одобрени 5 планови за населување кои опфаќаат 3.557 нови населби во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс). Во објавеното писмено соопштение на Министерството се потсетува дека населбите што ги гради Израел на окупираните палестински територии се во спротивност со меѓународното право вклучувајќи ги и резолуциите на Обединетите нации (ОН).

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „78 градови го зголемија извозот“, информира дека градовите познати како „Анадолски тигри“ имаат голем придонес во успехот што го постигна Турција во извозот кој во 2021 година изнесува 225 милијарди долари. 78 градови го зголемија својот извоз, додека 48 градови го соборија годишниот рекорд во извозот. 16 градови го зголемија својот  извоз за повеќе од 50 отсто. Во градот Хатај се истакнува на преден план трговијата на челик со остварен извоз од 4 милијарди долари. Во градот Кахраманмараш се забележува успех во текстилот и железото со остваерн извоз од 1,3 милијарди долари.

 



Слични вести