Турски печат 06.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1757834
Турски печат 06.01.2022

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Чавушоглу разговараше со генералниот секретар на НАТО Столтенберг“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Чавушоглу и Столтенберг во телефонскиот разговор разменија мислења пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Освен тоа во разговорот беше разгледана и најновата состојба пред состанокот на Советот НАТО-Русија, што ќе се одржи на 12 јануари. 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Познат датумот на средбата меѓу Турција и Ерменија“, го објавува соопштението на Министерството за надворешни работи во кое се истакнува дека првата средба меѓу специјалните претставници на Турција и Ерменија ќе се одржи на 14 јануари во главниот град на Русија, Москва.

„Соопштение од министерот Коџа за варијантата Омикрон“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто се истакнува дека министерот за здравство Фахреттин Коџа во објавеното соопштение вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер, го напиша следното: „И покрај порастот во бројот на случаите со варијантата Омикрон не станува збор за загрижувачки раст во сместувањето во болниците т.е. хоспитализирањето.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Караисмаилоглу: Развиваме нови стратегии за да влеземе меѓу водечките земји во електронскиот извоз“, им одделува место на следните зборови на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу: „Развиваме нови стратегии за да ја внесеме нашата земја меѓу водечките земји во електронскиот извоз. Во едно вакво време технолошката независност е гаранција и за нашата национална независност.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Извозот на турскиот автомобилски сектор во 2022 година достигна 29,3 милијарди долари“, пишува дека автомобилската индустрија која е локомотивен сектор на турската економија и која и 2021 година ја заврши со својата 16-та шампионска титула по ред во извозот, минатата година оствари надворешна продажба во износ од 29,3 милијарди долари.

 



Слични вести