Турски печат 05.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1757171
Турски печат 05.01.2022

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Најтешкото го оставивме зад нас“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, кој во врска со чекорите коишто се преземаат во економијата го рече следното: „Најтешкото го оставивме зад нас. Отсега време е да покажеме дека чекор по чекор се приближуваме кон нашите цели. Со пакетот мерки што го соопштивме ја зедовме сапуницата од доларот, е ќе ја земеме сапуницата и од инфлацијата и ќе ја спасиме нашата земја од оваа слика.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Рекорд во историјата на Републиката во извозот на руди“, им одделува место на зборовите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој истакна дека 2021 година беше исполнета со успеси од аспект на енергетскиот и рударскиот сектор. Министерот Донмез рече: „Во 2021 година го соборивме рекордот во историјата на Републиката и остваривме извоз на руди од 5 милијарди 930 милиони долари.“

„Анализа која привлече внимание во Кина: Проектот на Турција е најдобрата можност во историјата“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека во написот објавен во „Чајна Дејли„ (China Daily), едниот од водечките весници во Кина, се вели следното: „Проектот на Турција 'Среден коридор' е во прерсрет на најдобриот период на можности во историјата и е во предвечерието на брз раст.“ Во написот во кој се привлекува внимание на потенцијалот на проектот се истакнува дека најкусиот пат од Кина до Европа поминува низ Турција.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Индонезија може да купи воен брод од Турција“, пишува дека „Oryx Blog“ кој објавува во сферата на воената и одбранбената индустрија, напиша статија за извозот на патролни бродови на Турција во Индонезија. Во написот се истакнува дека бродовите на флотата со турски дизајн ќе почнат да се извезуваат низ целиот свет. Амбасадорот на Индонезија во Анкара доктор Лалу Мухамед Икбал, информира дека се започнати одредени разговори во врска со можноста неговата земја да купи воен брод од Турција.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс започна летови за градот Себу на Филипините“, истакнува дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс“ по главниот град на Филипините, Манила ги започна летовите и за градот Себу. Летовите ќе се реализираат три дена во неделата на линија Истанбул-Манила-Себу.

 



Слични вести