Турски печат 04.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1756528
Турски печат 04.01.2022

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Секој ја цени Турција која расте“, им одделува место на зборовите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека благодарение на напредокот во инфраструктурата во последните 20 години е обезбедено Турција да се издвојува позитивно од здравствената криза. Нагласувајќи дека секој кој го следи светот го цени местото на кое стои Турција, претседателот Ердоган напомена дека минатата (2021) година кога се зголеми притисокот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) врз економиите, Турција го продолжи својот тренд на брз раст. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Во туризмот споредено со минатата година во бројот на посетителите обезбедивме раст од 83 отсто и 100 отсто зголемување во приходите.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турција собори рекорд во извозот“, пишува дека турската економија го продолжува својот развој по пат на инвестиции, вработување, производство, извоз и суфицит на тековната сметка. Турција која е една од двете земји кои 2020 година ја завршија со раст, минатата (2021) година со остварен раст во нејзиниот вкупен извоз од 32,9 отсто во споредба со претходната (2020) година, соборувајќи рекорд реализира извоз во износ од 225,4 милијарди долари.

„Критичен разговор меѓу Турција и САД“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) Антони Блинкен. Во телефонскиот разговор, беа разгледани тензиите меѓу Руската Федерација и Украина пред состаноците на НАТО и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) што ќе се одржат во наредниот период, билатералните односи меѓу Турција и САД на чело со заживувањето на стратешкиот механизам и за случувањата во Судан, Етиопија и Кавказ. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Екипата на Турковак се фокусира на Омикронот“, информира дека научната екипа на домашната вакцина Турковак која е развиена против коронавирусот и која обезбедува целосна заштита против варијантата Делта, сега работи на изолација на варијантата Омикрон. Овие студии ќе траат 2-3 месеци. Исто така е завршена и првата фаза од испитувањата на домашната вакцина против болеста Кримско-конгоанска хеморагична треска.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Во Памуккале во 2022 година се очекуваат 2 милиони посетители“, пишува дека Памуккале кое се наоѓа на Списокот на светското наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) и воедно е меѓу местата кои привлекуваат најголем број туристи во Турција, минатата (2021) година пречека 1 милион 200 илјади 650 посетители. Туристичките работници кои планираат со сигурни чекори да ги постигнат поставените цели за 2023 година се на мислење дека оваа година областа ќе ја посетат 2 милиони туристи.

 



Слични вести