Турски печат 03.01.2022

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1755892
Турски печат 03.01.2022

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган разговараше со рускиот лидер Путин“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации при претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани чекорите за развивање на односите меѓу Турција и Русија, а беше направена проценка и на регионални прашања и меѓународни случувања на чело со оние во Кавказ, Сирија и Либија.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Анталија ја избраа 9 милиони туристи“, информира дека бројот на туристите кои во 2021 година дојдоа во Анталија, едната од најзначајните туристички дестинации во светот, достигна до 9 милиони 081 илјада 502 лица. Во периодот од 11 месеци, од јануари до ноември 2021 година, најголем број туристи во Анталија допатуваа од Русија со 3 милиони 543 илјади 314 лица.

„Бродот за сондажа Јавуз се подготвува за својата прва мисија во Црното Море“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто се истакнува дека почна одбројувањето за првата мисија во Црното Море на бродот за сондажа „Јавуз“ кој отплови за да учествува во работите за истражување во Црното Море и кој на 7 октомври 2021 година се утови во пристаништето Филхос кај градот Зонгулдак. Завршена е монтажата на кулата на бродот „Јавуз“ кој се очекува во втората половина на месец февруари да отплови кон Црното Море.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Во скоро време ќе се вратат во Турција историските дела коишто се запленети во САД“, информира дека историските дела (артефакти) коишто и припаѓаат на Турција, а кои беа запленети во Соединетите Американски Држави (САД), овој месец се враќаат во нивната татковина. Со заедничката работа на Одделот за борба против криумчарењето при Генералната дирекција за културни богатства и музеи и јавното обвинителство на Менхетен, културните богатства, историските дела артефакти, по потекло од Анадолија, коишто минатиот месец беа запленети во домот на колекционерот на антички уметнички дела Мајкл Стеинхард; овој месец ќе му бидат предадени на Генералниот конзулат на Турција во Њујорк, а потоа оттука ќе бидат донесени во нивната татковина Турција.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Боксерот репрезентативец Али Ерен Демирезен го победи Американецот Вашингтон“, информира дека турскиот репрезентативец боксер Али Ерен Демирезен на мечот во тешка категорија што се одигра во сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД) го победи својот противник Американецот Џералд Вашингтон со технички нокаут и ја извојува 15-тата победата во својата боксерска кариера. 

 



Слични вести