Турски печат 31.12.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1755030
Турски печат 31.12.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Новогодишна честитка од Путин до Ердоган“ истакнува дека рускиот претседател Владимир Путин по телефон му се јави на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и му ја честиташе Новата година. Според соопштението на Кремљ, Путин во новогодишната честитка до Ердоган истакнал дека и покрај тешкотиите во епидемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), преземени се чекори во енергетската и воено-техничката област, особено во економската соработка.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Анкара испрати писмо до Вашингтон“ истакнува дека портпаролот на претседателот Ибрахим Калин рече дека Анкара испрати писмо до Вашингтон во врска со воспоставувањето и функционирањето на механизам за односите меѓу двете земји, а за кој се договориле претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ни треба искуството на Турција“ истакнува дека економските и трговските односи меѓу Оман и Турција неодамна добија на интензитет. Претседателот на трговската и индустриската комора Зуфар, Хусеин ал-Батари, рече: „На индустријата на Оман и треба искуството на Турција“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Туркиш ерлајнс во 2021 година организираше летови до 328 дестинации“ истакнува дека Туркиш ерлајнс објави соопштение во кое беше истакнато дека компанијата, својата флота на авиони зголеми на 373, додека во 2021 година опслужи 40,5 милиони патници. Авиокомпанијата соопшти дека ја задржува титулата авиокомпанија која лета до најмногу дестинации во светот летајќи до 328 дестинации во 128 земји.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Во изминатите 11 месеци во Истанбул дојдоа 7 милиони 980 илјади 311 странски туристи“ истакнува дека Истанбул во изминатиот 11 месечен  период од годината беше домаќин на 7 милиони 980 илјади 311 странски туристи, а во ноемвр дојдоа 997 илјади 620 странски туристи. Од странците кои дојдоа во Истанбул, првото место го зазедоа Русите со 92 илјади 427 туристи.



Слични вести