Турски печат 30.12.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1754562
Турски печат 30.12.2021

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ердоган: Тунелот Пиринкајалар ќе биде дел од меѓународните врски“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во својот говор на свеченото отворање на тунелот Пиринкајалар на патот Ерзурум-Артвин, рече дека заедно со изградбата на овој тунел ќе се олесни сообраќајот кон Кавказ и  ќе стане стане дел од меѓународните врски.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Шпанските медиуми: Турција во 2030 година ќе биде една од петте најбогати земји“, пишува дека во шпанското економско списание „Muy & Negocias Economia“, Турција е прикажана меѓу земјите кои ќе располагаат со најразвиена економија во иднина. Во написот под наслов „Овие ќе бидат најбогатите земји во светот во 2030 година“, се истакнува дека Турција заедно со порастот на нејзиниот бруто домашен производ (БДП) на 2 трилиони евра, во 2030 година ќе биде петта по големина економија во светот.

„Одобрување за Турковак од братска земја“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот турски весник „Стар“, кадешто се истакнува дека во Азербејџан е издадено одобрение за третата фаза од студиите на домашната вакцина „Турковак“ која е развиена во Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерот за туризам Ерсој: И покрај пандемијата, во 2021 година ја надминавме бројката од 29 милиони посетители“, им одделува место на следните зборови на министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој: „И покрај условите на пандемија, Турција во 2021 година успеа да ја надмине бројата од 29 милиони странски посетители и 24 милијарди долари туристички приходи.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ги красат трпезите на 150 земји“, пишува дека разновидните мезиња од овошјата и зеленчукот коишто се одгледуваат на териториите на Анадолија со нивно мешање со зачини, маслинки, маслиново масло, суво овошје, житарици, мешункасти производи и маслодајни семиња, се претвораат во празнични трпези со извонреден вкус. Овие видови мезиња коишто ги красат трпезите на 150 земји, во периодот јануари-ноември во тековната 2021 година и донесоа девизни приходи на Турција во износ од 207 милиони долари.

 



Слични вести