Турски печат 28.12.2021
Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Министерот Чавушоглу најави дека првата средба со Ерменија ќе се одржи во Москва“ во врска со планираните средби меѓу специјалните претставници на Ерменија и Турција, ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој рече: „Двете страни назначија свои специјални претставници. Според нашиот впечатоци, Ерменија има желба првата средба да се одржи во Москва“.
Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Побарувачка за ТУРКОВАК од странство“ истакнува дека претседателот на Турските здравствени институти (ТУСЕБ), професор доктор Ерхан Акдоган рече дека има побарувачки од странство за ТУРКОВАК, кој е одобрен за итна употреба и дека е направено потребното планирање.
Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Министер Варанк рече дека уредите за рендген ќе се произведуваат од домашно производство од страна на турската компанија ASELSAN“ ја објавува изјавата на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој рече дека увезените уреди за рендген, кои предизвикуваат дефицит во тековната сметка од милиони долари, сега ќе ги произведува домашната компанија АСЕЛСАН.
Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Зголемени се товарите и комерцијалните летови од аеродромите во Истанбул“ истакнува дека во изминатиот 11 месечен период од годинава, количината на товар со влезни и појдовни летови од сите аеродроми во Истанбул е зголемена за 30 отсто, а со комерцијални летови за 45 отсто.
Весникот „Стар“ во веста под наслов „Светски рекорд од репрезентативецот Емре Сакчи“ истакнува дека репрезентативецот во пливање Емре Сакчи со 24,95 секунди на 50 метри градно, го собори рекордот на Светското првенство во кратки патеки.
Слични вести

Турски печат 20.05.2022
Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 18.05.2022
Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...