Турски печат 27.12.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1752831
Турски печат 27.12.2021

 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ќе го скршиме ова тркало“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој во својот говор на состанокот на Проширениот покраински советодавен совет на Партијата за правда и развој (АКП) во Истанбул рече: „Каматата, богатите ги прави побогати, а сиромашните посиромашни. Каматата е причина, инфлацијата е резултатот. Ќе го скршиме ова тркало и ќе ги достигнеме примарните цели на нацијата“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Нашата одбранбена индустрија постигна уште еден успех“ ја објавува изјавата на претседателот на Претседателството за одбранбена индустрија, Исмаил Демир, кој рече дека одбранбената индустрија постигнала уште еден успех и најави дека националниот ракетен систем за противвоздушна одбрана „ХИСАР О“ ја уништил метата со голема брзина на голема височина во нејзиниот последен прифатен истрел.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција, ѕвездената земја на логистиката“ истакнува дека Турција, која е крстосница во транспортот, оствари раст во транспортот и покрај епидемијата. Количината на товар која во изминатите 11 месеци беше пренесена по воздушен пат, изнесува над 3 милиони тони. 9,9 отсто од контејнерите со кои се автоматски се ракува во пристаништата биле пренесени од бродови со турско знаме.

Новинскиот веб портал „ХаберТурк“ во веста под наслов „Анталија ја надмина својата цел од 9 милиони туристи“ истакнува дека целта од 9 милиони туристи за 2021 година во туристичкиот град Анталија е постигната пред крајот на годината. Анталија, која во влезе 2021 година под сенката на епидемијата, со активноста што започна во јули пред крајот на годината ја дофати бројката од 9 милиони 2 илјади 217 туристи.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Пред 2200 години беше направен од страна на Турците“ истакнува дека водните канали изградени од Турците пред 2.200 години сè уште се опишуваат како инженерско чудо. Овој систем на подземна водна мрежа наречен Канал Кариз е изграден во Централна Азија, во регионот Турфан. Се прикажува како едно од најважните наоди во историјата на цивилизацијата.



Слични вести