Турски печат 23.12.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1751523
Турски печат 23.12.2021

 

Весникот „Хуријет“ истакнува дека дека е добиено одобрение за итна употреба на вакцината Турковак. Министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека е добиена потврда за употребата на домашната вакцина, а во продолжение се истакнува дека претседателот Ердоган рекол дека за време на пандемијата, Турција споделуваше маски и друга медицинска опрема со други земји. На крајот се додава дека во овој период вакцините што ги купи Турција, ги делеше со пријателски земји, а домашната вакцина исто така ќе ја делат и со други земји.

Весникот „Јени Шафак“ истакнува дека претседателот на турскиот парламент Мустафа Шентоп во Белград се сретна со претседателот на Народното собрание на Србија Ивица Дачиќ, а по средбата беше одржана и заедничка прес-конференција.

Зборувајќи за односите меѓу Турција и Србија, Шентоп рече дека билатералните односи меѓу двете земји се на највисоко ниво во историјата и дека претставуваат пример како треба да се развиваат односите меѓу двете земји.

Шентоп рече дека за развојот на односите меѓу Турција и Србија придонесуваат и добрите односи меѓу претседателите на двете земји Реџеп Тајип Ердоган и Александар Вучиќ.

Весникот „Стар“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи на Киргистан, Руслан Казакбаев, кој го повика турскиот деловен свет да инвестира во неговата земја за да зајакнат трговските и економските односи меѓу Киргистан и Турција.

Весникот „Сабах“ истакнува дека Турција, во изминатите 11 месеци оствари извоз на кисели краставички во вредност од 300 милиони долари. Најголема побарувачка на турски кисели краставички има во Германија, Холандија, САД и Велика Британија, а голем интерес има и во Романија.

Весникот „Ватан“ истакнува дека во 2021 година се зголемува бројот на туристи. Според податоците на Дирекцијата за туризам на градот Анталија, се посочува дека од јануари, аеродромот на овој град го користеа над 9 милиони странски туристи.



Слични вести