Турски печат 22.12.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1750888
Турски печат 22.12.2021

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов: „Образованието и културата ќе бидат клучни елементи на нашата визија за 2053 година“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган присуствуваше на церемонијата на доделување на наградите за културата и уметноста во Анкара и зборуваше за важноста на културата и уметноста.

„Нашите цели за 2023 година, кога ќе ја одбележуваме 100-та годишнина од основањето на нашата Република, се состојат главно од елементи на развој. Се надевам дека образованието и културата ќе бидат главните елементи на нашата визија за 2053 година“, рече Ердоган.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Претседателот собранието Шентоп ја предупреди Северна Македонија за ФЕТО“ истакнува дека претседателот на Големото национално собрание на Република Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп им се обрати на пратениците во Скопје.

Шефот на турскиот парламент рече дека Турција знае дека терористичката организација ФЕТО дејствува и во Северна Македонија и оти очекува да се преземат конкретни чекори за нејзино прекинување. „Сакаме нашиот пријател Северна Македонија да го земе предвид фактот дека ФЕТО претставува закана и ризик за националната безбедност, не само за Турција, туку и за сите земји во кои е присутна“, рече Шентоп.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерот за одбрана Акар го прими началникот на Здружениот штаб на Армијата на Федерацијата Босна и Херцеговина (АФБИХ) Машовиќ“, истакнува дека министерот за национална одбрана на Република Турција Хулуси Акар го прими началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина Сенад Машовиќ.

Министерот Акар во оваа прилика посочи дека Турција придава големо значење на мирот, стабилноста и интегритетот на Босна и Херцеговина.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Нигерискиот премиер Махамаду: Турција ни треба во борбата против тероризмот“, истакнува дека нигерискиот премиер Ухумуду Махамаду рече дека на неговата земја ѝ треба искуството и опремата на Турција кога станува збор за борбата против тероризмот.

¨Турција е многу понапредна кога станува збор за воена опрема, беспилотни летала и авијација. „Турција може да даде голем придонес во борбата против тероризмот“, рече нигерискиот премиер.

Веникот „Сабах“ во веста под наслов „ТОГГ патува за САД“ истакнува дека турскиот автомобил TOGG, првиот чекор на светската арена ќе го направи во САД. Од 5 до 8 јануари во Лас Вегас се одржува Саемот за потрошувачка електроника на кој учествуваат најпрестижните светски компании. Турскиот национален и домашен автомобил TOGG ќе биде изложен на овој престижен саем, истакнува весникот.



Слични вести