Турски печат 21.12.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1750509
Турски печат 21.12.2021

 

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ го цитира претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека „Турција ја зголеми трговската размена со Африка од 5,4 милијарди долари на 30 милијарди долари и сега, оваа цел треба да ја искачи на 50 милијарди долари, а потоа на 75 милијарди долари. „Како нација без срам од колонијализмот во својата историја, ние се обидуваме дополнително да ја зајакнеме нашата соработка (со африканскиот континент) врз основа на еднакво и победничко партнерство“, рече Ердоган.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Победникот ќе биде турската економија“ ја објавува изјавата на министерот за трезор и финансии Нуредин Небати кој во објавата преку профилот на Твитер истакна: „Со величествениот економски манифест (кој ќе ја зајакне турската лира) објавен од страна на нашата претседател, продолжуваме по нашиот пат многу порешително од вчера. Никој не треба да се сомнева“. Небати додаде: „Со новиот турски модел фокусиран на инвестиции, производство, вработување и извоз, победник ќе биде турската економија“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Почнуваат летовите со Ерменија“ пишува дека министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу нагласи дека Турција презеде чекори за градење доверба на стабилноста во регионот и изјави дека ќе започнат летовите меѓу Турција и Ерменија. Чавушоглу рече: „Ние назначивме наши заеднички специјални претставници да иницираат директни контакти (со Ерменија). Нашите специјални претставници ќе се сретнат што е можно поскоро. Некои компании ќе започнат со летови во наредните денови“, рече тој. Чавушоглу, исто така, подвлече дека чекорите на Турција во однос на Ерменија се преземени во консултација со Азербејџан.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција обезбеди вода за 18 милиони луѓе во Африка и Азија“ истакнува дека благодарение на невладините и јавните институции, Турција ископа повеќе од 34.000 бунари во 22 земји во Азија и Африка,. Повеќе од 18 милиони луѓе на овие два континента имаат пристап до чиста вода. Во овие географски области каде секоја година има 485 илјади смртни случаи од колера, дизентерија, тифусна треска и дијареа, пуштени се и мрежни водоводни системи, пречистителни станици и километри водоводни цевки.



Слични вести