Турски печат 17.12.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1748755
Турски печат 17.12.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов: „Претседателот Ердоган оствари видео конференциска средба со Илон Маск“, пишува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари видео конференциска средба со основачот на „Тесла“ (Tesla) и „Спејс икс“ (SpaceX) Илон Маск. На средбата на претседателот Ердоган со Илон Маск беше направена проценка на електричните автономни возила, дигиталната економија, долгорочните инвестиции и чекорите за развивање на постоечката соработка.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција ја зголемува својата моќ во Африка“, истакнува дека француското месечно економско списание „Капитал“ напиша дека наоружаните беспилотни летала (СИХА) произведени во Турција, се многу барани во африканските земји. Во веста на списанието се подвлекува дека Турција го зголеми своето влијание во Африка со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и турските наоружани беспилотни летала (СИХА) се прилично многу барани и преферирани во африканските земји.

„Азербејџан и Ерменија се договорија за железничките линии“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се вели дека азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан се договорија за железничката линија којашто започнува од Азербејџан и поминувајќи преку Ерменија се протега до Нахчиван, така што оваа железничка линија само по себе ќе донесе и бројни новини. Со оваа железничка линија ќе се зголеми регионалната трговија меѓу Русија, Азербејџан, Турција и Ерменија. Тоа што пругата се наоѓа во стратешки важниот коридор Зенгезур ќе обезбеди големи предности во економска смисла.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Џиновска инвестиција во Баку од турска компанија“, информира дека Холдингот „Demirören“ ќе изгради фабрика за лекови во Азербејџан. Со оваа реализирана стратешка инвестиција ќе се обезбеди вработување за приближно 500 лица. Оваа инвестиција со која воедно ќе биде отворена една значајна врата за фармацевтскиот пазар во сферата на здравството, ќе му обезбеди можност за отворање кон Заедницата на независни држави (ЗНД).

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Целта на Турција во извозот во 2025 година е 300 милијарди долари“, им одделува место на изјавите на претседателот на Собранието на извозниците на Турција (TİM) Исмаил Ѓулле кој истакна дека претходно поставената цел за извоз од 300 милијарди долари во 2026 година е повлечена за една година порано, за 2025 година. Исмаил Ѓулле рече дека заедно со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) започна нов период во глобалниот синџир на снабдување и турскиот извозен сектор успеа да го искористи ова прекршување во своја полза.

 



Слични вести