Турски печат 14.12.2021

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1747001
Турски печат 14.12.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Чавушоглу: Во рамките на нормализацијата со Ерменија ќе бидат назначени специјални претставници“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој информира дека ќе бидат фрлени чекори за нормализација со Ерменија. Министерот Чавушоглу, велејќи дека ќе бидат започнати чартер летовите со главниот град на Ерменија, Ереван го рече следното: „Наскоро за чекорите за нормализација со Ерменија ќе назначиме меѓусебно специјални претставници. При секој чекор ќе дејствуваме заедно со Азербејџан.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Црноморскиот гас во 2023 година ќе се користи во домовите“, информира дека министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу го соопшти датумот кога ќе започне експлоатацијата и користењето на пронајдениот природен гас во Црното Море. Министерот Караисмаилоглу го рече следното: „Кон првото производство ќе преминеме во 2023 година.“ Велејќи дека гасот од Црното Море ќе биде приклучен кон националниот систем во 2023 година, министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу рече: „Со гасот што ќе го произведуваме таму ќе бидат задоволени потребите од гас во домовите.“

„Туристички прилив од европските земји и Русија во Турција“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто се истакнува дека туристите кои доаѓаат од европските земји и Русија почнаа да ги исполнуваат хотелите со пет ѕвездички во Анталија каде ќе го поминат одморот којшто заедно и со новогодишните празници достигна до 10 дена. Во хотелите украсени и осветлени со разнобојни новогодишни фигури на Дедо мраз, снешко, елени и елки се очекува исполнетост до речиси 100 отсто од капацитетите.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов "Интензивиран процесот на раст во Турција на база на производство", истакнува дека Турција која го започна процесот на структурална трансформација во економијата на база на производство, извоз, тековен суфицит и вработување, чекор по чекор достигнува до композиција на здрав раст. На годишна база е доживеан непрекинат 17 месечен раст во производството. Индексот на вкупниот промет во секторите на индустријата, градежништвото, трговијата и услугите во месец октомври во 2021 година на годишна база оствари раст од 47,5 отсто. Директните инвестиции на странските инвеститори во Турција коишто во периодот од 10 месеци минатата година изнесуваа 4 милијарди 480 милиони долари, во истиот период од 10 месеци оваа година се зголемија на 6 милијарди 359 милиони долари.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Батеријата развиена од страна на Турците е поразлична од другите“, пишува дека турските научници кои почнаа да работат во Високотехнолошкиот институт во Измир (ИЈТЕ или İYTE) со цел решавање на проблемот со загревање на батериите на електричните возила за време на нивното полнење и скратувањето на нивниот животен век, го произведоа прототипот на системот на батерии кој ја балансира топлината и може безбедно да се полни брзо. Системот на батерии, овозмножувајќи брзо полнење во секакви услови има за цел да ја елиминира загриженоста од дострелот на електричните возила со едно полнење.

 

 



Слични вести