Турски печат 13.12.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1746533
Турски печат 13.12.2021

Весникот „Хурриjет“ во веста под наслов „Министерот за здравство Коџа: Нашите граѓани не треба да се грижат, треба да се придржуваат кон мерките“, пишува дека министерот за здравство Фахреттин Коџа во објавеното соопштение вчера на неговиот профил преку социјалната мрежа Твитер, истакна дека не треба да се чувствува загриженост во врска со варијантата Омикрон која е регистрирана и во Турција и дека треба да се почитуваат мерките. Министерот за здравство Фахреттин Коџа рече: „Нашите граѓани треба да ги завршат своите вакцини, оние кои не се вакцинирани треба да се вакцинираат целосно."

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерот Караисмаилоглу ја даде радосната вест“, информира дека министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу во дадената изјава вчера во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во Анкара ја даде радосната вест дека националниот електричен воз ќе биде на шините во 2022 година.

„Поносна награда за Турција за тунелот Евроазија“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека тунелот Евроазија во Истанбул ја доби наградата за иновација, којашто му беше доделена од страна на списанието „New Civil Engineer (NCE)“ (Нов градежен инженер) кое приближно 50 години публицира во сферата на градежништвото и инженерството во Велика Британија и секоја година ги наградува најдобрите изградени тунели во светот.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Најголемиот извоз на секторот на маслинки и маслиново масло е во САД“, информира дека извозот на маслинки и маслиново масло од Турција во ноември оваа година во споредба со истиот месец претходната година со раст од 21,9 отсто се зголеми на 30 милиони 726 илјади долари. Во овој период е реализирана надворешна продажба во САД во вредност од 7 милиони 511 илјади долари, кои се земја во која секторот остварува најголем извоз.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Во Измир се изложени четири таблети од хетитскиот период“, пишува дека 4 таблети од хетитскиот период кои биле откриени во ископувањата во Богазќој кај градот Измир, се изложуваат во Археолошкиот музеј во Измир. Таблетите стари 3.500 години кои говорат за ритуалите на Хетитската Империја како што се „свет брак“, „празник“ и „магија“ го привлекуваат вниманието на посетителите.

 



Слични вести