Турски печат 10.12.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1746058
Турски печат 10.12.2021

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Соопштение од Русија за С-400: Турција не прави отстапки“ ја објавува изјавата на портпаролот на руската претседателска палата (Кремљ) Дмитриј Песков кој ги критикуваше санкциите воведени од Соединетите Американски Држави (САД) за купувањето на рускиот одбранбен систем С-400 од Турција. Изразувајќи дека Турција не прави никакви отстапки против овие санкции, Песков рече дека планираат да ја испратат втората пратка С-400 во Турција.

Весникот „Ватан во веста под наслов „3 илјади 250 наши полицајци ќе учествуваат на Светското првенство во Катар“ ја објавува изјавата на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој рече: „На Светското првенство ФИФА 2022 година во Катар, ќе учествуваат 3.250 наши полицајци, од кои 3.000 се специјалци“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Веруваме дека ќе достигнеме двоцифрена бројка“ ја објавува изјавата на министерот за трговија Мехмет Муш кој рече: „Веруваме дека со новите инвестиции кои го забрзаа брзиот пораст на нашиот извоз и зголемувањето на производството предизвикано од извозот, до крајот на годината ќе ја надминеме целта за раст на среднорочната програма од 9 отсто и ќе достигнеме двоцифрени бројки“.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Обновен рекордот во извозот во Италија“ истакнува дека Турција, рекордот на месечен извоз во Италија, кој во октомври изнесуваше 1 милијарда и 26 милиони долари, во ноември го помести на 1 милијарда и 39 милиони долари. Автомобилската индустрија во ноември во Италија оствари извоз од 181,4 милиони долари.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „ТПАО се подготвува да го собори рекордот во историјата на Републиката“ истакнува дека Турската нафтена корпорација (ТПАО) ги одреди целите за новата година во производството на нафта. Генералниот директор на ТПАО Мелих Хан Билгин изјави дека се подготвуваат да го соборат нафтениот рекорд во историјата на републиката во новата година со зголемување на вкупното дневно производство на нафта на 65.000 барели, вклучително и 50 илјади барели во регионот на Батман.



Слични вести