Турски печат 08.12.2021

Денешните турск​​​​​​​и весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1744498
Турски печат 08.12.2021


Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Без оглед на потеколото, сите народи во Заливот се наши браќа“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој за време на дводневната посета на Доха и средбата со катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамед Ал Сани и потпишувањето на 15 заеднички договор, ја посети и командата на Здружените сили на Катар и Турција.

Обраќајќи им се на присутните, Ердоган истакна дека Турција заедно со Катар придава големо значење на мирот и безбедноста во целиот регион на Персискиот залив.

„Ние се стремиме да ја подобриме нашата соработка со земјите од Заливот врз основа на взаемен интерес и почит. Не сакаме да видиме тензии, конфликти и непријателство во овие земји. Сакаме оваа прекрасна географска област, која има огромен потенцијал во однос на подземните ресурси и трговијата, со своето братство и солидарност и да се развиваат и зајакнуваат во секоја смисла.

Без разлика на потеклото, мезхебот (исламската школа на мислата) или религијата, сите народи во Заливот се наши вистински браќа“, рече претседателот Ердоган.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Порака од Велика Британија до Турција: Ние сме подготвени да бидеме сојузници“, ја објавува изјавата на Олга Мејтланд, шеф на британскиот форум за одбрана и безбедност, која ги истакна чекорите на Турција во националната безбедност и подвлече дека Велика Британија е подготвена да сподели информации со Турција во оваа област и дека Турција треба да биде прифатена како сојузник.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Талибански апел до турските компании“ истакнува дека Муџибурахман Омар, заменик-министер за вода и енергија на Талибанците во Авганистан, ги повикал инвеститорите од целиот свет, особено Турција, „Дојдете и инвестирајте во нашата земја“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција патува во 335 дестинации“, истакнува дека Турција, која е една од земјите со „Најголема мрежа на летови во светот“, додека во 2003 година имаше летови до 60 дестинации во 50 земји, денес лета на 335 дестинации во 128 земји.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „MSC Cruises во 2022 се враќа во Турција“ истакнува дека Турција во летото 2022 година ќе се врати во медитеранската програма за патување на MSC Cruises. Пристаништето Ајдин во Кушадаси ќе биде првото пристаниште за гостите.

„Многу сме возбудени што се враќаме во Турција“, рече Анџело Капуро, извршен директор на MSC Cruises.

 



Слични вести