Турски печат 06.12.201

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1743533
Турски печат 06.12.201

 

Весникот „Хуриjет“ во веста под наслов „Турција на нашите жени им даде право на глас и избор пред многу европски земји“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод 87-та годишнина откако жените во Турција добија право на глас и право да бидат избрани, објави видео порака.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Одлука на ОН за Истанбул“ истакнува дека Обединетите нации (ОН) одлучиле да ги преместат критичните глобални оперативни единици од Женева во Истанбул. Прво, „Канцеларијата за хуманитарна координација“ (OCHA) ќе се пресели во Турција. Заедно со OCHA, во тек се напори за отворање на уште 8 критични агенции на ОН во Истанбул. Заменик-министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран рече: „Доаѓањето на OCHA ќе биде важен чекор кон нашата цел да го трансформираме Истанбул во седиште на ОН“.

Новинскиот веб портал „ХаберТурк“ во веста под наслов „По 25 години, првиот патнички брод од Либија пристигна во Измир“ истакнува дека по 25 години, првиот патнички брод од Либија се закотви во пристаништето Алсанџак во Измир. Бродовите ќе патуваат еднаш неделно, а на првиот брод имаше 112 патници, истакнува весникот

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „COP 22 ќе се одржи во Анталија“ истакнува дека 22-та конференција на страните на Конвенцијата од Барселона (COP 22) ќе се одржи во Анталија од 7 до 10 декември. На собирот ќе се разговара за загадувањето на Медитеранот, губењето на биолошката разновидност, присуството на вонземски видови и климатските промени. По COP 22, Турција од Италија ќе ја преземе претседавачката должност со „Канцеларија на Секретаријатот на Конвенцијата на Барселона“.

Весникот „Сабах“во веста со наслов ¨JATA ги избра најубавите дестинации во Европа. На списокот се наоѓаат и места од Турција“ истакнува дека Асоцијацијата на јапонските туристички агенции (ЈАТА) ги избра 30-те најубави дестинации во Европа. Местото Ѓолјази во близината на Бурса е вброено на оваа листа.



Слични вести