Турски печат 02.12.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1741847
Турски печат 02.12.2021

 

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Нова стратегија во економијата“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција се откажа од високите каматни стапки и премина кон стратегија која им дава приоритет на производството и извозот. Оваа промена на стратегијата покажа дека нашата земја стана речиси единствената економија која продолжи со силен економски раст во светот“. Ердоган додаде дека „2021 година ќе ја завршиме со двоцифрен економски раст“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Крајот на епидемијата ќе дојде со слаби варијанти“ ја објавува изјавата на министерот за здравство Фахретин Коџа кој во објавата на социјалните мрежи истакна: „Вирусите се менуваат со текот на времето, исто како вирусот на грип што предизвикува грип. Наспроти нашата борба и променливите услови, вирусот исто така се бори да преживее. Може да има загриженост за нови варијанти на коронавирусот (Ковид-19), но имајте на ум дека крајот на епидемијата ќе дојде со мутации и слаби варијанти“.

Весникот „Јени Шафак“ во веста со наслов „Вакцината Турковак подготвена за употреба“ пишува дека е завршена изградбата на инфраструктурата во два капацитети за масовно производство на домашна вакцина Ковид-19 Турковак, за која се чека итна дозвола за употреба. Домашната вакцина, која беше испратена на финално тестирање во лабораториите на турската агенција за лекови и медицински помагала, се очекува да добие лиценца кон средината на декември. По почетокот на масовното производство, вакцините ќе поминат уште еден 14-дневен тест и ќе бидат пуштени на пазарот.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Набавката на турски беспилотни летала е од големо значење“,  истакнува дека полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека купувањето турски вооружени беспилотни летала е многу важен договор. Дуда изјави дека добрите односи со Турција и чекорите преземени на полето на безбедносната соработка ќе продолжат да напредуваат.

Весникот „Сабах“ во написот под наслов „ОН, глобалните операции ќе ги водат од Турција“ истакнува дека се ратификуваше договорот со кој се беше предвидено отворање на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA) во Турција, која ќе биде центар на ОН за одговор на хуманитарните кризи. Со овој договор, Канцеларијата се подготвува својата структура одговорна за глобалните операции од Женева да ја премести во Истанбул. Ова ќе им овозможи на ОН поактивно да интервенираат во хуманитарната драма во регионот, особено во Сирија.

 



Слични вести