Турски печат 24.11.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања в земјава и светот

1738154
Турски печат 24.11.2021

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Датумот на изборите е јуни 2023 година“ ја објавува изјавата на претседателот на државата и претседател на Партијата на правда и развој (АК Партија) Реџеп Тајип Ердоган кој вчера во својот говор на Проширениот состанок на градоначалниците на АК партијата, во врска со дискусиите за предвремени избори, рече: „И натаму продолжуваат со барање за одржување предвремени избори. Нема да има предвремени избори. ... Изборите ќе се одржат во јуни 2023 година“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Прв извор на гас од Црното Море во 2022 година“ ја објавува изјавата на министерот за енергетика Фатих Донмез кој рече дека првиот извор ќе го направат во пролет 2022 година со поставување на цевки под водата во наоѓалиштето за природен гас во Црното Море.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Муш го отвори турскиот павилјон“ истакнува дека министерот за трговија Мехмет Муш изјави дека учеството на Турција на манифестацијата „Експо 2020 Дубаи“ што се одржа во Дубаи е показател за важноста што ја придава на односите со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), како и за вредноста што се дава на учеството на светските изложби“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерот Акар го прими бригадниот генерал Рејџ, началник на Генералштабот на Сомалија“ истакнува дека Министерот за национална одбрана Хулуси Акар го прими началникот на Генералштабот на Сомалија, бригадниот генерал Одава Јусуф Рејџ. Во соопштението на Министерството беше истакнато дека министерот Акар истакна дека политичката и воената соработка меѓу Турција и пријателска и братска Сомалија продолжува да се развива и дека Турција ќе продолжи да дава секаква поддршка на народот на Сомалија да живее во мир, безбедност и спокојство.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Пролетно време во туризмот: 21 милион туристи за 10 месеци“ истакнува дека бројот на туристи кои дојдоа во Турција во првите 10 месеци од годинава е зголемен за 88 отсто во однос на претходната година и достигна 21,1 милион.



Слични вести