Турски печат 22.11.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1736704
Турски печат 22.11.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Реакција од Турција до Дендијас“, пишува дека портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич покажа реакција на последните изјави на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас што ги даде во врска со Турција. Портпаролот Билгич рече: „Грција никако не може да се помири со клучната улога што ја одигрува Турција во воспоставувањето на мирот и стабилноста во регионот во кој се наоѓа и во нејзината непосредна околина поради што се обидува да се нафати на конкуренција со Турција во секое прашање, на местото на соработката да ја претпочита затегнатоста и да создава вештачки сојузи против Турција. Но тоа се залудни обиди.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Седум турски граѓани кои две години како се приведени во Либија, се вратија во Турција“, информира дека седумте турски граѓани кои поради неосновани тврдења речиси две години беа во притвор во источниот дел на Либија, се вратија во татковината со заедничките преземени активности од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) и Разузнавачката служба на Катар. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, откако седумте турски граѓани се вратија во земјата разговараше со нив преку телефон и им посака побрзо опоравување.

„Развиени од страна на турски инженери, им нема сличен на светот“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто се истакнува дека Турција станува пример за светот со нејзината одбранбена индустрија и особено во технологијата на беспилотните летала (ИХА) и наоружаните беспилотни летала (СИХА).

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Рекордно ниво во Туркали-2“, пишува дека тестирањето во лежиштето Туркали-2 во гасното поле Сакарја во Црното Море достигна до рекодно ниво со дневен проток од 650.000 кубни метри.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Во Кушадаси со 650 џиновски бродови ќе дојдат 750 илјади туристи“, информира дека во познатото туристичко одморалиште Кушадаси кај градот Ајдин, едната значајните туристички дестинации на Турција, се направени резервации за 750 илјади туристи кои ќе дојдат на одмор во 2022 година со 650 бродови за крстарење, крузери.

 



Слични вести