Турски печат 15.11.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1733815
Турски печат 15.11.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Број еден во светот“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана со младите на приемот на документарниот филм „Јахја чавуш од Езине“ што се одржа во Музејот Троја во Чанаккале. Претседателот Ердоган во оваа пригода во врска со „Мостот Чанаккале 1915“ истакна дека од една страна на мостот е Азија, а од друга Европа така што ги поврзува двата континенти и го рече следното: „Мостот 18 март е број еден во светот.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерството за надворешни работи: Ќе продолжиме да им ја доставуваме потребната поддршка на Турците Ахиска“, истакнува дека Министерството за надворешни работи објави соопштение по повод одбележувањето на 77. годишнина од испраќањето во прогонство на Турците Ахиска од нивната татковина Ахиска. Во соопштението на Министерството се вели следното: „Како досега така и во иднина ќе продолжиме да го следиме одблизу и со внимателност процесот на враќање на Турците Ахиска во нивната татковина и да им ја доставуваме потребната поддршка на нашите сонародници.“

„Караисмаилоглу ја даде радосната вест: Доаѓа првиот национален и електричен воз“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека  се завршени работите за производство на првиот национален и домашен електричен воз со дизајнирана брзина од 176 километри на час и работна брзина од 160 километри на час. Нашите возови во скоро време ќе бидат ставени во услуга на нашите граѓани.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ние сме најиздржливиот аеродром во Европа“, им одделува место на следните зборови на претседателот на Извршниот одбор и генерален директор на операторот на Истанбулскиот аеродром (İstanbul Grand Airport/IGA) Кадри Самсунлу: „Како Истанбулски аеродром ние сме најиздржливиот аеродром во Европа. Бевме први во 2020 година и најверојатно ќе бидеме први и во 2021 година“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Безбедноста на Светскиот куп и е доверена на турската полиција“, истакнува дека безбедноста на Светското фудбалско првенство кое се наоѓа меѓу најголемите организации на светот и кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година во Катар, ќе се обезбедува од страна на турската полиција.

 



Слични вести