Турски печат 11.11.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуените случувања во земјава и светот

1732402
Турски печат 11.11.2021

 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Писмо со желба за што поскоро оздравување од претседателот Ердоган до Казими“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изразувајќи ја својата силна осуда за терористичкиот напад врз домот на ирачкиот премиер Мустафа ал Казими, рече: „Република Турција е одлучна да продолжи со силната поддршка на вашата тековна борба против тероризмот“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Шентоп: Турција ќе продолжи со поддршката на Либија“ ја објавува изјавата на претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп кој рече: „Турција како во минатото така и во иднина ќе продолжи со поддршката на Либија и либиските браќа во сите полиња каде што е потребно“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „СОНГАР премина воатак! Зголемена побарувачката“ истакнува дека првиот турски вооружен систем за беспилотни летала „Сонгар“ ги забрза своите чекори за извоз. Генералниот директор на „Asisguard“, Мустафа Бариш Дузѓун рече: „Досега оставривме извоз на Сонгар во 2 земји. Имаме сериозни преговори со уште три различни земји и се наоѓаме во фаза на потпишување договори. Со други зборови, има многу побарувачка, има земја на кои даваме многу различни ценовни понуди“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов  „Теренската вежба ЕУ-Модекс за прв пат ќе се одржи во Турција“ истакнува дека во организација на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија (ЕУ), теренската вежба ЕУ-Модекс за пребарување и спасување и медицински одговор по катастрофи и земјотреси, за првпат ќе се одржи во Турција. На вежбата што ќе се одржи во Текирдаг, ќе учествуваат 1715 лица од Франција, Австрија, Шпанија, Италија, Бугарија, Грција и Турција.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турски домашен текстил во 180 земји“ ја објавува изјавата на Хасан Хусеин Бајрам, претседател на турската асоцијација на домашни текстилни индустријалци и бизнисмени, кој рече дека секторот, кој извезува приближно 3,5 милијарди долари годишно во 180 земји, со пораст на вредноста за килограм до над 8 долари, е еден од секторите што обезбедува најмногу додадена вредност на националниот доход.



Слични вести