Турски печат 09.11.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1731133
Турски печат 09.11.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган: Турција успешно ја продолжува борбата против епидемијата“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава по вчерашниот состанок на претседателскиот кабинет истакна дека Турција, следејќи ги одблизу случувањата во светот успешно ја продолжува борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Претседателот Ердоган рече: „Случаите, хоспитализираните во болница, бројките на интензивна нега и починати се на ниво коешто може да се контролираме.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Истоварување на Карабах на годишнината од историската победа“, пишува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС), вчера на првата годишнина од победата на Карабах отпатува за Азербејџан. Министерот Хулуси Акар во говорот што го одржа овде истакна дека секогаш ќе се биде покрај Азербејџан и ја предупреди Ерменија да стои далеку од непријателски став.

„Ердоган е многу силен лидер, треба да го искористиме тоа“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на претседателот на Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина и претседател на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ кој истакна дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е лидер кој воспоставува силни и добри односи и дека Босна и Херцеговина треба да го искористи тоа.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Во 115 земји остварен извоз на чај во износ од 14,4 милиони долари“, пишува дека Турција од остварениот извоз на чај во 115 земји во периодот јануари-октомври 2021 година заработи приходи во износ од 14 милиони 435 илјади 902 долари. 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Анталија ги остави зад себе нејзините странски ривали во туризмот“, информира дека Анталија која привлекува туристи од сите делови на светот, оваа година стана дестинација која пречека најголем број туристи меѓу туристичките одморалишта на Медитеранот. Претседателот на Унијата на туристичките хотелиери и оператори на Средоземноморската област Еркан Јагџи рече: „Анталија, во споредба со шпанскиот остров Мајорка кој се оценува како нејзин најблизок ривал, заклучно со крајот на септември пречека за два пати поголем број туристи. Тие пречекаа 3,5 милиони туристи, додека ние достигнавме до бројката од 8,5 милиони туристи.“

 



Слични вести