Турски печат 08.11.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1730546
Турски печат 08.11.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган им се обрати на турските војници Мехметчик: Знамето е нашата светост“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во неговото обраќање до пограничните единици го рече следното: „Знамето е нашата драгоценост која зазема место меѓу нашите светости. Знам како застанувате во одбрана на вашето знаме.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Акар: Терористите не можат две ноќи да спијат на исто место“, им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој информира дека бројот на неутрализираните терористи од страна на турските војници Мехметчик од 24 јули 2015 година досега изнесува 32.859. Министерот Хулуси Акар рече: „Во реализираните операции од 1 јануари пак, досега се неутрализирани вкупно 2.834 терористи. Терористите не можат две ноќи да спијат на исто место, на својот врат постојано го чувствуваат здивот на турските војници Мехметчик.“

„Го осудуваме извршениот напад на резиденцијата на ирачкиот премиер Ќазими“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот турски весник „Ватан“, кадешто се истакнува дека Министерството за надворешни работи го осуди реализираниот напад со беспилотно летало врз резиденцијата на ирачкиот премиер Мустафа Ќазими. Во соопштението на министерството се вели следното: „Турција независно од нивниот извор ќе продолжи да зазема место покрај ирачкиот народ и ирачката држава во нивната борба против тероризмот.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ѓобеклитепе за 10 месеци го достигна врвот по бројот на посетители“, пишува дека Ѓобеклитепе во близина на Шанлиурфа кое со неговото 12 илјади годишно минато се оценува како „нулта точка на историјата“ за 10 месеци оваа година го посетија приближно 460 илјади лица и оваа бројка е регистрирана како највисока бројка досега.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс подготви специјални сетови за патување за своите деца патници“, информира дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) подготви специјални сетови за патување за своите деца патници. Новите сетови за патување за децата патници подготвени со темата „High Five“ (Хај фајв) содржат маски за очи, слушалки, чорапи и сет за заби. Овие сетови почнаа да им се ставаат во услуга на патниците кои со авионите на Туркиш Ерлајнс од Турција патуваат на долги растојанија.

 

 



Слични вести