Турски печат 04.11.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1729131
Турски печат 04.11.2021

Весникот „Ватан“ во веста под  наслов „Датумот на ставање во примена на Парискиот договор е 10 ноември“, пишува дека согласно претседателскиот указ објавен во Службениот весник како датум за ставање во примена на Парискиот договор, е утврден 10 ноември. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на 21 септември пред Генералното собрание на Обединетите нации соопшти дека Турција ќе го ратификува Парискиот договор и ќе ја прифати целта за нето нула емисии за 2053 година.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Туркиш Ерлајнс во периодот од 9 месеци од годината со нето заработка од 6,2 милијарди турски лири (приближно 640 милиони долари)“, информира дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во периодот од 9 месеци во тековната 2021 година оствари нето заработка од 6,2 милијарди турски лири (приближно 640 милиони долари). Туркиш Ерлајнс кој за 9 месеци во 2021 година превезе вкупно 31 милион патници, за 7 месеци од оваа година стана авиокомпанија со најголем број остварени летови, а за 9 месеци стана втора авиокомпанија со најголем број летови во Европа.

„Извоз од автомобилската индустрија во износ од 2,6 милијарди долари“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се истакнува дека минатомесечниот извоз на автомобилската индустрија на Турција изнесува 2,6 милијарди долари. Надворешната продажба на автомобилскиот сектор во периодот јануари-октомври во 2021 година пак, во споредба со истиот период од 10 месеци претходната година со раст од 19 отсто се зголеми на 23,9 милијарди долари. Автомобилскиот сектор во овој период оствари просечен извоз од 2,4 милијарди долари со што повторно се најде на првото место во надворешната продажба на Турција.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Проектот за домашен автомобил со сигурни чекори продолжува по својот пат“, истакнува дека како што се цели првото возило во производството на домашниот автомобил на Турција ќе биде симнат од лентата за сериско производство на крајот на 2022 година. Постигнат е сериозен напредок батериите коишто се срцето на електричните возила, да се произведуваат во Турција. Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ) и светскиот гигант „ФАРАСИС“ наскоро ќе го започнат инвестирањето во батериите во Гемлик кај Бурса.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Филмскиот фестивал на Турскиот свет Коркут Ата за прв пат во Истанбул“, информира дека Филмскиот фестивал на Турскиот свет „Коркут Ата“ што ќе се одржи во рамките на „Фестивалот Културен пат Бејоглу“, се подготвува да се претстави пред љубителите на кинематографијата. Заменик министерот за култура и туризам Ахмет Мисбах Демирџан на својот профил преку социјалната медија го сподели рекалмниот филм на фестивалот, во врска со што истакна дека на фестивалот ќе учествуваат 42 филма од 13 земји и го напиша следното: „Со самитот на кој ќе се состанат повеќе од 200 продуценти, режисери и актери од турските републики, срцето на кинематографијата ќе бие во Истанбул.“

 



Слични вести