Турски печат 28.10.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1726007
Турски печат 28.10.2021

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Порака од Ердоган за борба против ФЕТО: Не можеме да ја заборавиме поддршката на Чад“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган што ги даде на одржаната заедничка прес-конференција по оставрената средба со претседателот на преодниот период на Чад Махамат Идрис Итно, вчера во Анкара. Претседателот Ердоган рече: „Имаме за цел да ги продлабочиме нашите трговски односи со Чад. Нашата цел е трговскиот обем да го зголемиме на 200 милиони долари.“ Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган,  го додаде и следното: „Не можеме да ја заборавиме поддршката на Чад во борбата против ФЕТО.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Критична средба меѓу Турција и САД“, пишува дека портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин вчера оствари средба со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан. Во телефонскиот разговор беа разгледани билатералните односи, прашањето со Ф-35 и Ф-16, глобалните климатски промени, Авганистан, Сирија, Либија, Нагорно Карабах, Грција, Источниот Медитеран и други регионални случувања.

„Развој во врска со наоружаното беспилотно летало (СИХА) Бајрактар ТБ2“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто се вели дека според објавеното соопштение од страна на компанијата „Бајкар“, наоружаното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ ќе биде извезено во уште една нова земја. Во споделената објава на профилот на компанијата преку социјалната мрежа Твитер не беше соопштено името на новата земја во која ќе биде остварен извозот и беше напишано следното: „Постигнавме договор за извоз на наоружаното беспилотно летало (СИХА) Бајрактар ТБ2 во уште една земја. Со овој договор бројот на земјите во кои се извезува наоружаното беспилотно летало (СИХА) Бајрактар ТБ2 изнесува 13.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Истанбулскиот Аеродром избран за најдобар во Европа“, информира дека во рамките на „17-тите Европски награди“ (17th ACI Europe Awards) во организација на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), Истанбулскиот Аеродром ги доби наградите „Најдобар аеродром во Европа“ и „Пристапен аеродром“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Дожд од побарувачка од Европа кон Турција“, истакнува дека во периодот од 10 месеци оваа година е остварен извоз на цвеќе од Турција во 83 земји во износ од 125 милиони долари. Земји во кои е реализиран најголем извоз на цвеќе пак, се Холандија, Велика Британија, Германија, Узбекистан, Романија и Бугарија.

 



Слични вести