Турски печат 27.10.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1725497
Турски печат 27.10.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Историски ден во Карабах“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера отпатува во еднодневна работна посета кадешто учествуваше на церемонијата на свеченото отворање на Меѓународниот аеродром во Фузули, вратата на Карабах што се отвора кон светот. Претседателот Ердоган стана првиот лидер кој слета на Меѓународниот аеродром во Фузули.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган го соопшти во Карабах условот за нормализација со Ерменија“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Турција е на страната на воспоставување на трајниот мир во регионот и го рече следното: „Ќе продолжиме да го поддржуваме братски Азербејџан со сите наши можности.“ Велејќи дека Ерменија треба да покаже искрена волја по прашањето на решавање на проблемите со Азербејџан, претседателот Ердоган рече дека во тој случај нема да остане одредена препрека пред нормализацијата на односите на Турција со Ерменија. 

„Во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) усвоен документот за Ирак и Сирија“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека вчера во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) беше усвоен документот за продолжување за уште 2 години на овластувањето на претседателот за испраќање на Турските вооружени сили (ТВС) во Ирак и Сирија за реализација на прекугранични операции и интервенции во наведените земји, доколку се појави потреба од тоа.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „УЧБЕЈ користен за прв пат“, информира дека двајцата неутрализирани терористи на 23 октомври во руралното подрачје на населеното место Артуклу кај градот Мардин, беа неутрализирани по пренесени навремено снимки од воздух до домашното и национално беспилотно летало (ИХА) за вертикално полетување и слетување (VTOL) познато по името „УЧБЕЈ“ кое се произведува од страна на Генералната дирекција на полицијата и кое е користено за прв пат на теренот.   

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Даден датум за националниот електричен воз“, пишува дека националниот електричен воз чии фабрички тестирања се завршени се има за цел да биде поставен на шините догодина. Следната година ќе му бидат предадени на Акционерското друштво за Транспорт на Турските државни железници (TCDD Taşımacılık AŞ) 3 од комплетите на националниот електричен воз коишто ќе бидат погодни за движење со брзина од 160 километри на час.

 



Слични вести