Турски печат 26.10.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1724916
Турски печат 26.10.2021

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов: „Ердоган: Ќе продолжиме да ги вознемируваме колонијалистите“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој во проценката на 4-дневната турнеја низ Африка истакна дека важноста на Африка ќе се зголеми во 21 век. Наведувајќи дека трагите на колонијалистите може да се видат во секоја област во Африка, но Африканците ја ставаат Турција на друго место, Ердоган рече: „Ние градиме мостови на соработка со пристап кој ја гледа Африка како партнер, а не како пазар. Ќе продолжиме да ги вознемируваме колонијалистите“, рече тој.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Ставот на Турција ги натера амбасадорите да фрлат чекор назад“ истакнува дека откако 10 амбасадори побарале ослободување на Осман Кавала, претседателот Ердоган издаде инструкции, амбасадорите на овие земји да се прогласат за „персона нон грата“. Амбасадите на Соединетите Американски Држави (САД) и некои други земји фрлија чекор назад со објавување на соопштението дека го почитуваат членот 41 од Виенската конвенција за дипломатски односи, кој предвидува дипломатите да ги почитуваат законите и прописите на земјите во кои тие се лоцирани.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Ердоган: Веруваме дека странските амбасадори ќе бидат повнимателни“ ја објавува проценката на претсдетаелот Ердоган кој рече: „Нашата цел не е да предизвикаме криза, туку да ја заштитиме честа, гордоста и достоинството на Турција. Амбасадите, со објавувањето на соопштение се вратија од нивните грешки. Веруваме дека овие амбасадори сега ќе бидат повнимателни“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Нашата чувствителност кон суверенитетните права на нашата држава не се прашање на дискусија“ ја објавува изјавата на портпаролот на Партијата на правда и развој (АК Партија) Омер Челик кој рече дека  откако амбасадите кои побараа ослободување на Осман Кавала, фрлија чекор назад, „Ние најостро ги отфрламе сите изјави што значат мешање во внатрешните работи и правата на суверенитет на нашите земја. Нашиот претседател, како шеф на нашата држава, на најјасен и најсилен начин го покажа овој став“.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Интензивна активност на турските беспилотни летала во областите окупирани од ПКК“ истакнува дека по нападите извршени од регионите во северна Сирија, каде што САД и Русија ветија евакуација, а сепаратистичко-терористичката организација ПКК продолжува со окупацијата, има воздушно движење кога претседателот Ердоган најави дека Турција ќе преземе операција. Турски беспилотни летала интензивно оперираат над Камишли и Ајн ал Араб, кои се под контрола на ПКК, источно од реката Еуфрат.



Слични вести