Турски печат 25.10.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1724318
Турски печат 25.10.2021

 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Новина на териториите на Карабах. Ердоган ќе присуствува и на отворањето“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган оваа година ќе престојува во трета посета на Азербејџан. На утрешното свечено отворање на првиот аеродром „Фузули“ што го изгради Азербејџан на окупираните територии на Карабах коишто ги ослободи, ќе присуствува и претседателот Ердоган.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Министерот Сојлу најави, беа неутрализирани“ истакнува дека министерот за внатрешни работи Сојлу изјави дека во Хакари биле неутрализирани 2 терористи. Сојлу во вчерашната изјава рече: „Двајца терористи, кои се инфилтрираа од границата кај Чукурџа, беа фатени мртви од страна на  Ж-СИХА, блиската воздушна поддршка и копнена операција“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Овластеното име даде датум за златото“ истакнува дека Турција продолжува со активностите во рамките на политиките за национална енергија и руди. Претседателот на Управниот одбор (УО) на Акционерското друштво за инвестиции во земјоделството, кредити Ѓубреташ рударство Фахретин Појраз во врска со резервите на злато и руди во Согут кај Билеџик рече дека нивната компанија до крајот на 2022 година сака да ја излее првата златна шипка и да даде придонес во турската економија.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Системот на целни авиони со голема брзина се трансформира во проектил Шимшек (Молња)“ ја објавува изјавата на претседателот на Претседателството за одбранбена индустрија, Исмаил Демир, кој во изјавата на својот профил на Твитер, наведе дека Системот за целни авиони со голема брзина Шимшек развиен од Акционерското друштво на турската авионска индустрија (TUSAŞ) беше претворен во проектил што погодува цели на долги растојанија.

Весникот „Хуриет“ во веста под наслов „Турскиот фотограф Мехмет Аслан ги освои наградите за фотографија во Сиена“ истакнува дека објавени се победниците на натпреварот за најдобри фотогграфии Сиена (Sienna Photography Awards), еден од најпрестижните светски натпревари за фотографија, на кој учествуваат фотографи од 163 земји. Турскиот уметник Мехмет Аслан ја освои првата награда. Фотографијата „Тешкотиите на животот“ (Hayatın Zorluğu), направена од Мехмет Аслан, ја раскажува приказната за татко и син од Сирија.

Зборува Радио Глас на Турција, тоа беше прегледот на турскиот печат.



Слични вести