Турски печат 22.10.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1723362
Турски печат 22.10.2021

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Нашите 1 милијарда 400 милиони долари ќе ги земеме на овој или оној начин“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган која на враќање од посетата на Ангола, Того и Нигерија, во авионот одговараше на прашањата на новинарите и направи проценка на дневниот ред. Ердоган рече: „Нашите 1 милијарда 400 илјади долари (исплатени за авионите Ф-35) ќе ги земеме на овој или оној начин. Нема да дозволиме да се нарушат правата на Турција на кој било начин".

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Изјавата за „swap“ (pазмена) на министерот Чавушоглу“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој рече дека за одржлив развој на трговијата меѓу Турција и Јужна Кореја, двете земји треба да продолжат со взаемната соработка. Во тие рамки нашите трговски односи можеме да ги користиме и во централните (народни) банки со користење на националните валути.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“во веста под наслов „Министерот за трговија Муш рече дека обемот на трговијата меѓу Турција и Африка достигна 25,3 милијарди долари“ ја објавува изјавата на министерот за трговија Мехмет Муш кој рече дека економските односи меѓу Турција и Африка брзо се развиваат и обемот на трговската размена меѓу Турција и Африка од 5,4 милијарди долари во 2003 година, во 2020 година достигна 25,3 милијарди долари“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Економски потег од Турција во регионот! Објавено е заедничко соопштение“ истакнува дека во рамките на Третиот форум за економија и бизнис на Турција-Африка, организиран од Советот за надворешни економски односи (ДЕИК) во соработка со Министерството за трговија и Комисијата на Африканска унија (АУЦ) во Конгресниот центар во Истанбул, беше објавено заедничко соопштение. Според заедничкото сооопштение, форумот го охрабри приватниот сектор да инвестира во технологијата, туризмот, земјоделството, производството на електрична енергија, развојот на капацитетите и услугите за пренос и дистрибуција, воздухопловството, поморството, образованието, здравството и нето нулта емисија на јаглерод како приоритетни области.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во Мардин пронајден храм стар 12 илјади години“ истакнува дека во рамките на ископувањата во областа Даргечит во Мардин беше пронајден храм, кој се проценува дека е стар 12 илјади години. Се предвидува дека областа каде што се вршеле ископувања има постара историја од Ѓобеклитепе.



Слични вести