Турски печат 21.10.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1722709
Турски печат 21.10.2021

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Јасна порака од Ердоган до светот: Ја зајакнуваме нашата соработка со Нигерија“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаната заедничка прес-конференција со претседателот на Нигерија Мохамед Бухари, го рече следното: „Ги преразгледавме сите страни во односите меѓу Турција и Нигерија. Ја зајакнуваме нашата соработка со Нигерија во воено-одбранбените и безбедносните прашања.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Полн погодок од Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка служба (МИТ)“, информира дека во заедничка реализирана операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка служба (МИТ) на 8 октомври во северниот дел на Ирак е убиена терористката Тајбет Билен т.н. одговорна за жени на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Како што се истакнува терористката Билен била убиена на пат кон кампот Махмур.

„Порака во врска со инфлацијата од Фуат Отај“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто им се одделува место на следните изјави на потпретседателот Фуат Октај: „Поддржувајќи ги нашите монетарни и финансиски политики со нашите структурални политики со снабдување и зголемување на продуктивноста, одлучни сме инфлацијата да ја сведеме на едноцифрена бројка“.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Добиениот удел од извозот се искачи на 1 отсто“, им одделува место на изјавите на министерот за трговија Мехмет Муш кој соопшти дека уделот што го добива Турција од светскиот извоз за прв пат во историјата на Републиката се искачи на над 1 отсто.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција е извонредна земја“, пишува дека тројца руски и еден украински државјани другари кои се сретнале во Анталија античкиот Ликиски пат ќе го изодат за 25 дена. Овие љубители на природата истакнаа дека античкиот Ликиски пат во Турција кадешто дошле за прв пат, располага со историски и природни убавини. Едниот од нив Микхаил Чернјавски рече: „Секаде е полно со историја. Во некои области историјата, природата и морето се со неверојатна убавина. Турција е извонредна земја. Луѓето се многу срдечни и пријателски настроени. Ви принесуваат нешто дури и на планина.“

 



Слични вести