Турски печат 20.10.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1722134
Турски печат 20.10.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Соопштение од Турција во врска со Источниот Медитеран“, пишува дека Министерството за надворешни работи на Турција по одржаниот трилатерален самит меѓу Грција, Египет и Јужната кипарско-грчка управа објави соопштение во кое се истакнува дека нема да резултира со успех ниту една иницијатива со која ќе бидат игнорирани Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран. Исто така и Министерството за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) соопшти дека се игнорира (смета за ништовно) заедничкото соопштение на Јужната кипарско-грчка управа, Грција и Египет.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Извештајот на Европската комисија претставува двоен стандард“, истакнува дека Турција покажа реакција против подготвениот извештај на Европската комисија (ЕК) во рамките на Пакетот за проширување за 2021 година. Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се вели следното: „Во период кога се обидуваме да поставиме позитивна политичка агенда и да го заживееме нашиот дијалог на високо ниво со Европската унија (ЕУ), за жал е објавен извештај за Турција во кој земјите кандидати ги изоставуваат од вид своите одговорности кон Турција и во кој повторно се презентира приод на двоен стандард во односите со нашата земја.“ 

„Заедничка декларација од четворица лидери: Прифатена силата на Турција“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека на крајот на остварената четворна средба меѓу претседателите на Турција, Того, Буркина Фасо и Либерија, е објавена завршна декларација. Четворицата претседатели на држави го прифатија значајниот напредок на турската економија и сила, со кој се легитимизира улогата на Турција како стратешки партнер за Африка и Турција се смета како значаен актер на меѓународната сцена.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „ТРТ Ворлд Форум глобалните проблеми ги поставува на дневниот ред на светот“, информира дека генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Мехмет Захид Собаџи во говорот што го одржа на отворањето на ТРТ Ворл Форум (TRT World Forum) кој оваа година се одржува по петти пат, истакна дека се вложуваат напори со радиодифузен пристап со кој човекот се поставува во центарот и се настојува да се биде гласот на загрозените региони, општества и поединци. Собаџи рече: „Мораме да генерираме нови идеи и да поставуваме нови цели со посредство на меѓународни платформи како што е ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum).“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Бајрактар СИХА, сон на Французите, цел на Британците“, истакнува дека францускиот печат не можеше да го сокрие своето воодушевување од наоружаните беспилотни летала „Бајрактар СИХА“. Францускиот весник „Ле Фигаро“ напиша дека можноста Турција да и продава беспилотни летала на Велика Британија би можела да биде голема отскочна даска во име на турската одбранбена индустрија. Во веста на „Ле Фигаро“ се вели и следното: „Овие наоружани беспилотни летала (СИХА) се оружјето кое што е замислено за војните во светот. Наоружаните беспилотни летала (СИХА) станаа вектор на турското влијание во Африка, на Блискиот исток и во Централна Азија.“

 



Слични вести