Турски печат 19.10.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1721460
Турски печат 19.10.2021

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган соопшти од Ангола“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаната заедничка прес-конференција вчера со претседателот на Ангола Мануел Гонцалвес Лоренцо информира дека Ангола претходно побарала од Турција беспилотни летала (ИХА) и наоружани беспилотни летала (СИХА) и дека сега се остварени разговори и за оклопни транспортери.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган се обрати пред Собранието на Ангола“, истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера имаше свое обраќање пред Собранието на Ангола. Претседателот Ердоган овде го рече следното: „Застануваме во одбрана на тоа дека судбината на човештвото не може, не треба, да се остави на милост и немилост на само грст земји победнички од Втората светска војна.“

„Нов развој во домашната вакцина против коронавирусот Турковак“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто се истакнува дека домашната и национална вакцина „Турковак“ развиена од страна на Универзитетот Ерџијес во Кајсери почна да се применува како засилувачка доза кај лицата вакцинирани со две дози. За прв пат едно доброволно лице во Кајсери ја прими вакцината „Турковак“ како трета доза вакцина.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Бројот на туристите кои допатуваа во Анталија надмина 8 милиони“, информира дека бројот на туристите кои ја посетија Анталија оваа година достигна до 8 милиони 038 илјади 761 лице. Според соопштените податоци, во бројот на туристите кои од јануари досега допатуваа во Анталија по воздушен пат, во споредба со истиот период претходната година, е остварен раст од 162 отсто.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Поддршката на Турција ја дочека со радост“, пишува дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) му достави поддршка со проект на Националното студио за кинематографија во Киргистан за пренесување на филмовите од својата архива во дигитална средина. Министерот за култура, информирање, спорт и младински политики на Киргистан Азамат Џаманкулов кој ја изнесе својата радост поради овој проект, го рече следното: „Тоа е многу значаен проект, доживуваме историски ден. Сега се стекнавме со шанса нашите стари филмови да ги видиме во дигитална средина и да му ги понудиме на нашиот народ со најдобар квалитет.“

 



Слични вести