Турски печат 18.10.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1720944
Турски печат 18.10.2021

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Нова понуда од САД за парите што ги плати Турција за борбените авиони Ф-35“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава пред да отпатува за Луанда, главниот град на Ангола, во врска со прашањето со воените авиони Ф-16 со Соединетите Американски Држави (САД) го рече следното: „Со купување на нови воени авиони Ф-16 сакаме да ја засилиме нашата флота. Од САД пристигна една ваква понуда за исплатата за борбените авиони Ф-35.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Не постои друг пример во светот: За лицата над 65 години ќе се формира специјално оделение за итни случаи“, истакнува дека во рамките на проектот подготвен од страна на Здружението на специјалистите за итна медицина (АТУДЕР) и прифатен од страна на Европската унија (ЕУ), во Турција за граѓаните над 65 години ќе се формираат оделенија за итни случаи. Претседателот на Здружението на специјалистите за итна медицина (АТУДЕР) проф. д-р Башар Џандер во врска со ова прашање го рече следното: „Во светот не постои ваква примена. Го реализираме првото применување во светот.“ 

„Би можеле да ја обезбедиме потребата од возачи на камиони во Европа“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто им се одделува место на изјавите на претседателот на Здружението на возачи на тешки возила шлепери на Турција (УТСЈД) Седат Каплан кој рече: „Ние сме во состојба да можеме да ја обезбедиме потребата од возачи на камиони во Европа, бидејќи во нашата земја моментално постои една квалификувана сила.“ Седат Каплан истакна дека се спремни да ја обезбедат оваа побарувачка со доверливи и квалификувани турски возачи на камиони.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „За 9 месеци остварен извоз на свежо овошје и зеленчук од 2 милијарди 15 милиони долари“, пишува дека извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција за 9 месеци оваа година изнесува 2 милијарди 15 милиони долари. 31 отсто од овој извоз е остварен во Русија која се наоѓа на прво место со 627 милиони 442 илјади долари.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Екипите на Туркиш Ерлајнс со крем за заштита од сонце спасуваат животи“, истакнува дека групата „Пријатели за добрина“ којашто ја формираа меѓусебе кабинскиот екипаж и пилотите на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ги лекуваат со крем за заштита од сонце раните на децата заболени од албинизам во Дака, главниот град на Сенегал, кои се кријат од изложувањ ена сонце.

 



Слични вести