Турски печат 15.10.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1719944
Турски печат 15.10.2021

 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Талибанска делегација во посета на Турција“ истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по средбата со талибанската делегација предводена од Емирхан Мутаки, кој се наоѓа на позицијата вршител на должност министер за надворешни работи во привремената влада на Авганистан формирана од Талибанците, рече дека на средбата разговарале за поддршката на Турција на Авганистан. „Тие исто така ги пренесоа своите барања од нас, особено за хуманитарна помош, за продолжување на инвестициите таму, за економијата, односно за продолжување на помошта што ја дадоа нашите други институции за развојна помош“".

ВЕсникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Акар: Што и да е потребно ќе се направи кога ќе дојде време“ ја објавува изјавата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во врска со нападите на терористичката организација ПКК/ЈПГ извршени од северот на Сирија. Акар рече: „Што и да треба да се направи за заштита и поддршка на нашите права и интереси, како што беше направено досега под водство на нашиот претседател, исто така ќе продолжи да се прави на ист начин, кога ќе дојде време и место. Никој не треба да се сомнева во тоа“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Акцент на целосно независна одбранбена индустрија“ истакнува дека на состанокот на Извршниот комитет на одбранбената индустрија, што се одржа под раководство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, беа разгледани прашањата за додавање нови системи во домашните и националните системи и беше нагласена „целосно независна одбранбена индустрија“.

Весникот „Стар“ во веста под анслов „Уште две земји сакаат да купат турски беспилотни летала“ истакнува дека Етиопија и Мароко поднесоа барање за купување вооружени беспилотни летала произведени од Бајкар одбрана.

Весникот „Хуриет“ во веста под наслов „Највисоката жена на светот“ истакнува дека Румејса Гелги, која живее во општината Сафранболу кај Карабук, со висина од 2 метри 15 сантиметри, влезе во Гинисовата книга на рекорди како „највисока жена во светот“.

 



Слични вести