Турски печат 13.10.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1718749
Турски печат 13.10.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјави од претседателот Ердоган на Вонредниот лидерски самит на Г-20“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на Вонредниот лидерски самит на Г-20 посветен на Авганистан. Претседателот Ердоган го рече следното: „Меѓународната заедница нема луксуз да му го сврти грбот на авганистанскиот народ, да ја препушти оваа земја на нејзината сопствена судбина. Држејќи ги отворени каналите за дијалог во Авганистан треба да го усмериме Талибан кон формирање на инклузивна управа.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Изјава од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со Авганистан“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу даде изјави во врска со најновата ситуација во Авганистан кој премина под контрола на Талибан. Велејќи дека одблизу се следат случувањата во оваа земја, Чавушоглу рече: „Планираме со некои министри за надворешни работи да заминеме за Кабул.“

„Благодарност и честитка од претседателот на Собранието Шентоп до Шпанија“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се истакнува дека претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп испрати писма до претседателката на Долниот дом на шпанскиот Парламент Меричел Батет и до претседателот на Сенатот Андер Гил Гарсија. Шентоп се заблагодари за топлиот дочек и срдечното домаќинство што беше покажано кон него лично и делегацијата во негова придружба за време на остварената посета на Шпанија од 19 до 21 септември.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Соопштени бројките на индустриското производство“, пишува дека Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) вчера ги соопшти бројките на индексот на индустриското производство за месец август. Според тоа,  индексот на индустриското производство на Турција во август на месечна база оствари раст од 5,4 отсто, а на годишна база раст од 13,8 отсто.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „ММФ ја соопшти прогнозата за раст на Турција“, информира дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозата за раст на турската економија за 2021 година од 5,8 отсто ја зголеми на 9 отсто, а очекувањето за раст за 2022 година ја задржа стабилно на 3,3 отсто.

 



Слични вести