Турски печат 12.10.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1718217
Турски печат 12.10.2021

 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Немаме повеќе трпение за терористички напади против нашата земја од Сирија“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган по синоќешниот состанок на кабинетот, кој рече дека Турција веќе нема толеранција за терористички напади од Сирија.  Последниот напад врз нашите полицајци и малтретирањето насочени кон нашите територии  ја превртеа последната чаша. Во најскоро време ќе ги преземеме неопходните чекори за решавање на овој проблем што е можно поскоро“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Влеговме во секој регион во кој не можеше да се влезе“ ја објавува изјавата на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој во врска со борбата против тероризмот во земјата, рече: „Влеговме во сите подрачја каде што не можеше да се влезе, вклучително и темните планини, и извршивме операција. Ги удривме по глава“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Işınım произведен од домашно производство, Турција оствари заработка од 5 милиони долари“ истакнува дека блаодарение на домашниот уред за скенирање со икс-зраци „Işınım“ произведен од HAVELSAN Teknoloji Radar Sanayi ve Ticaret AŞ (HTR), во Турција останаа 5 милиони долари.

Новинскиот веб портал „Хабертурк“ во веста под наслов „Зголемен извозот и производството во автомобилската индустрија“ истакнува дека според податоците на Здружението на автомобилската индустрија, во првите девет месеци годинава, автомобилското производство е зголемено за 8 отсто во споредба со истиот период од претходната година, односно на 921 илјади 619, додека извозот е зголемен за 9 отсто, на 671 илјади 674.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Туркиш ерлајнс“ стана втората најлетачка компанија во Европа“ истакнува дека Туркиш ерлајнс (THY) со 1.185 дневни летови во периодот од 4 до 10 октомври, стана втора авиокомпанија со најмногу летови во Европа.



Слични вести