Турски печат 11.10.2021

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1717645
Турски печат 11.10.2021

 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција започна зелена развојна револуција“ ја објавува изјавата на шретседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека Турција, со ратификацијата на Парискиот договор за климата, ја започна зелената развојна револуција. „Како и во сите прашања, така и во зелената развојна револуција, најголема поддршка добиваме од нашата младина. Како што Турција за време на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), се разликуваше од другите земји благодарение на силната здравствена инфраструктура, истиот успех ќе го постигнеме и во процесот на климатските промени со зелената развојна револуција“.

Венсикот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган ќе оди на турнеја во Африка“ истакнува дека зголемувајќи ги дипломатските односи со африканските лидери, претседателот Ердоган оди на африканска турнеја. Турнејата на Ердоган, која ќе започне на 17 октомври и ќе трае 4 дена, ги опфаќа Ангола, Нигерија и Того. Третиот самит за партнерство меѓу Турција и Африка ќе се одржи на 17-18 декември во Истанбул.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Соопштение од Турција во врска со бомбашкиот напад во Јемен“ истакнува дека Министерството за надворешни работи објави соопштение со осуда и сочувство за бомбашкиот напад врз конвојот на јеменскиот гувернер на Аден, Ахмед Хамед Ламлас. Во соопштението беше истакнато следното; „Со длабока тага ја примивме веста дека во нападот извршен со возило натоварено со бомби врз конвојот на Ламлас, има загинати и многумина повредени. Го осудуваме овој грозоморен напад, посакуваме Божја милост на сите оние кои ги загубија животите, брзо закрепнување на повредените и изразуваме сочувство до пријателскиот и братски народ и владата на Јемен“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Рекорден извоз во рударската индустрија“ истакнува дека Турција, која има 80 од 90 типови минерали кои се произведуваат во светот и е домаќин на 650 видови мермер и 150 различни природни камења, продолжува да го руши извозниот рекорд во рударската индустрија. Рударската индустрија, само во септември оствари извос од 584,3 милиони американски долари. На тој начин, вредностаа на извозот во однос на истиот месец од претходната година изнесува се зголеми за 39,1 отсто.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Турското ГП на Формула 1 остави без здив“ истакнува дека возачот на Мерцедес, Валтери Ботас победи на 16-та сезонска трка за ГН на Ролекс, трка во Светскиот шампионат во Формула 1. Додека трката во Истанбул парк, каде што пилотите од време на време доживуваа одредени тешкотии поради дождот, оставаше без здив, околу 80 илјади луѓе кои ги исполнија трибините беа сцена на шарени слики. Трофејот на Валтери Ботас, финскиот возач на Мерцедес, кој ја заврши трката на прво место, му го врачи Мустафа Шентоп, претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ).



Слични вести