Турски печат 05.10.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1714711
Турски печат 05.10.2021

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Јасна порака од Турција за Источниот Медитеран“, им оддаелува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој нагласи дека Турција во врска со едностраните и провокативни чекори на Грција и Јужната кипарско-грчка управа во Источниот Медитеран, е на страната на дипломатијата и правичното споделување. Министерот Мевлут Чавушоглу го рече следното: „Ќе ги браниме до крај нашите права и правата на кипарските Турци. И кога ќе дојде до одредеден чекор со којшто ќе им се наштети на овие права, ќе го направиме неопходното.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Голема пофалба од германскиот телевизиски канал АРД за турската индустрија за оружје“, пишува дека првиот германски телевизиски канал „АРД“ објави вест во врска со тоа дека турската индустрија за оружје е во подем. Веста на овој телевизиски канал на интернет страницата на „Тагесшау“ е објавена под насловот „Турската индустрија за оружје е во подем“. Во веста се вели следното: „Дроновите се развиваат како најмногу продавани производи во извозот на турската одбранбена индустрија којашто заживува. 

„Домашниот автомобил ТОГГ догодина почнува со сериско производство“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на високиот раководител (ЦЕО) на Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ) Мехмет Ѓурџан Каракаш, кој го рече следното: „По завршување на работите со опремата и машините во постројките до средината на наредната година, останува нашиот автомобил да се подготви за производство на база на станици и ленти. На крајот на наредната година ќе почнеме со сериско производство.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Целта на Турција доведе до возбуда“, пишува дека шефот на Одделот за вселенски науки на Вселенската агенција на Турција проф. д-р Ибрахим Ќучук истакна дека целта на Турција е во сферата на вселената да стигне на Месечината. Ќучук го рече следното: „Моментално се обидуваме да ја развиеме нашата способност за лансирање. Во врска со тоа се преземаат многу значајни чекори. Се вршат тестирања во врска со сателитот кој ќе биде испратен на Месечината или во врска со сателитот кој ќе стигне на орбитата на Месечината.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Специјален пехар за ГП на Турција во Формула 1“, информира дека шампионскиот пехар специјално дизајниран од страна на „Intercity İstanbul Park“ содржи мотиви на познатата осма кривина која е одлизу позната за љубителите на спортот и на турската култура. На пехарот е прикажана осмата кривина којашто е најтешка за пилотите, на горниот дел пехарот има фигури на полумесечина и ѕвезда, а на основата има турски мотиви. За пол позицијата на Гран прито на Турција ќе се вози на 9 октомври во сабота, а трката ќе се одржи на 10 октомври во недела.

 



Слични вести