Турски печат 04.10.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција

1714086
Турски печат 04.10.2021

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Објава од Ердоган за Национална стратегија и Акционен план за вработување на млади“, истакнува дека пртеседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во која го напиша следното: „Турција располага со голем потенцијал од аспект на младото население со којшто располагаат многу мал број земји. Отсега посакувам да биде аирлија (за доброто) на сите наши млади Националната стратегија и Акциониот план за вработување на млади којашто е доста значаен чекор од аспект на вреднувањето на овој потенцијал.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Информирање од Министерството за национална одбрана по прашањето на борбата против тероризмот“, пишува дека Министерството за национална одбрана вчера информираше  по прашањето на борбата против тероризмот. Според тоа, во последниот месец се реализирани вкупно 21 операција од кои 4 од голем и 17 од среден обем. Во текот на месец септември се неутрализирани вкупно 139 терористи, а од почетокот на годината досега вкупно 2.081 терорист.

„Изјава од Угур Шахин во врска со вакцината“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто им се одделува место на изјавите на високиот раководител на „БиоНТек“ која заедно со „Фајзер“ ја разви вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) проф. д-р Угру Шахин кој истакна дека вирусот ќе продолжи да мутира и дека оваа состојба може да ја намали имунизацијата со вакцините. Според веста објавена во британскиот весник „Фајненшл тајмс“, Угур Шахин застана во одбрана на тоа дека оваа состојба може да ја изнесе потребата од развивање на нови вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Автомобилскиот извоз во септември изнесува 2,5 милијарди долари“, пишува дека извозот на автомобилската индустрија на Турција минатиот месец (септември) изнесува 2,5 милијарди долари. Надворешната продажба на автомобилската индустрија во периодот јануари-септември 2021 година, во споредба со истиот период минатата (2020) година, со раст од 24 отсто изнесува 21,3 милијарди долари.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Исмаил Демир: МЕТЕ ќе ја погоди целта со полн погодок“, информира дека на силен начин продолжуваат потезите во одбранбената индустрија на Турција. Шефот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир соопшти дека ракетниот систем со ласерско водење „МЕТЕ“ развиен од страна на РОКЕТСАН чии тестирања продолжуваат, ќе безбеди значајна предност за безбедносните сили на теренот и ќе ги погоди утврдените цели со стопроцентна прецизност.



Слични вести