Турски печат 30.09.2021

Еве ги позначајните вести за кои пишуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1712545
Турски печат 30.09.2021

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган: Мирот во Сирија е поврзан со Турција Русија“, пишува дека на вчерашната одржана директна средба лице в лице помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, се најдоа на маса критични прашања. Претседателот Ердоган, пред средбата на којашто особено беа разгледани случувањата во Сирија, го рече следното: „Од големо значење се чекорите коишто ги фрламе заедно во врска со Сирија. И мирот таму повторно е поврзан со односите помеѓу Турција и Русија.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган ја објасни за ‘Њујорк тајмс’ причината поради која Турција ги купи С-400“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во интервју за американскиот весник „Њујорк тајмс (NYT)“ ги отфрли критиките во однос на тоа дека купувањето на противвоздушно одбранбените системи С-400 од страна на Турција од Русија, му наштетува на НАТО Сојузот. Претседателот Ердоган рече: „ Доколку Американците и го продадеа  на Турција ракетниот одбранбен систем „Патриот“ немаше да бидеме приморени да ги купите С-400.“

„Историски договор помеѓу Турција и Украина“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто се истакнува дека помеѓу Министерството за одбрана на Украина и компанијата „Бајкар“ е потпишан протокол за изградба на заеднички центар за одржување и обука на наоружани беспилотни летала (ИХА). Според договорот, компанијата „Бајкар“ во областа Василков ќе изгради центар за обука, модернизација и обука за беспилотни летала (ИХА) во сопственост на Армијата на Украина. Инаку, Украинските вооружени сили купија од Турција 7 беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција на 12-то место во светот и на 5-то место во Европа во обновливата енергија“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој истакна дека Турција според капацитетот на инсталирана моќ на обновлива енергија се наоѓа на 12-то место во светот и на 5-то место во Европа. Министерот Фатих Донмез рече: „Веруваме дека ќе станеме предводничка земја и земја која ќе служи за пример и во сончевата и ветерната енергија. Како најзначаен показател на оваа наша верба, притиснавме до крај на педалото за гас во нашите инвестирања во сончевата и ветерната енергија.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ќе растат инвестирањата на француските компании во Турција“, пишува дека според изјавата на францускиот министер за надворешна трговија и инвестирање Франк Риестер, билатералната трговија помеѓу Турција и Франција се наоѓа на крајно значајни димензии. Францускиот министер Франк Риестер рече: „Минатата година реализиравме меѓусебна трговија од 14 милијарди евра. Во последните месеци гледаме дека е забрзана меѓусебната трговија. На тој начин оваа година можеме да достигнеме до бројка од 16 милијарди евра.“

 



Слични вести